Љубов и Секс

Какво ќе биде ова лето на љубовен план за вашиот хороскопски знак?

Какво ќе биде ова лето на љубовен план за вашиот хороскопски знак?

До 7 август ќе биде во знакот на Близнаци, а ќе се одрази на секој хороскопски знак различно. Какво ќе биде ова лето на љубовен план за вашиот хороскопски знак?

ОВЕН

Конечно ќе можете да ѝ кажете на саканата личност сѐ што ви пречи и што ви недостига во врската, без да дојде до расправии. Ако сте слободни, можно е да запознаете интересна личност на некое кратко патување. Потребна ви е личност која е комуникативна, забавна и можеби помлада од вас.

БИК

Ќе ја имате поддршката од саканата личност за с ѐ што сакате да направите на работно поле. Конечно се чувствувате сакано и среќни сте. Ако немате партнер, летово ќе се двоумите меѓу две личности, но постабилната е подобар долгорочен избор за вас.

БЛИЗНАЦИ

Без разлика дали сте слободни или во врска, Венера е во вашиот знак и нема причина за каква било загриженост до 7 август. Уживајте во љубовта, со партнерот или брачниот другар. Ако сте слободни, конечно ќе успеете да видите дали личноста со која веќе подолго време контактирате е за вас или не. Не дозволувајте да ве наведува со неконкретни и двосмислени одговори.

РАК

Постои можност за тајна врска или авантура. Ако сте во врска, немојте да криете ништо од партнерот, потрудете се да бидете искрени за рабоотите кои ве мачат или ви недостигаат, тоа ќе ја зацврсти врската и ќе ги растера сомнежите.

ЛАВ

Ако сте во врска, најдобро би било да не го запоставувате партнерот на сметка на дружбите со пријателите. Знаете да бидете фокусирани само на себе, па затоа слушајте, бидејќи ако ги игнорирате желбите и потребите на саканата личност, тоа води кон раскинување. Ако сте слободни, можно е да запознаете нова интересна личност преку заеднички пријатели што ќе ве натера на размислување летово – дали да прекинете со личноста со која имате секс без обврски?

ДЕВИЦА

Ако сте слободни, ве очекуваат неколку нови познанства преку работа или колеги, но ѕвездите ве советуваат да се насочите кон личноста со која имате најдобра комуникација. Зафатените треба да внимаваат да не го запостават партнерот на сметка на работните обврски летово и да намалат со неоснованата љубомора.

ВАГА

Летово сигурно ќе бидете среќни и задоволни од вашиот љубовен живот. Важно ви е да ја смените малку средината, па ќе направите сѐ за да „побегнете“ некаде заедно, макар и за викенди. Токму на патување слободните Ваги ќе запознаат интересна личност од друг град или земја.

СКОРПИЈА
Летово, додека Венера е во Близнаци, ќе бидете многу страсни. Нема да ви биде лесно да изберете со која личност ќе сакате да бидете, а ќе имате голем избор. Внимателно со носењето одлуки, не бидете импулсивни. Ако сте во врска, искористете го овој наплив на страст и поминувајте колку можете повеќе време со партнерот.

СТРЕЛЕЦ

Немате причина за загриженост – Венера е во вашето поле на партнерството. Летово ќе почнете врска со личност која одговара на вашиот авантуристички и енергичен начин на живеење, со која можете да патувате и да разговарате на секоја тема. Ако сте во врска, летово искористете го за обновување на романсата, по можност на заедничко патување, без пријатели, без деца.

ЈАРЕЦ

Немојте да ја запоставувате саканата личност поради премногу обврски, може лесно да ви најде замерка, особено ако е огнен знак. Најдете време за приватниот живот, иако работата ви е приоритет летово. Ако сте слободни, можно е ново познанство преку работа што би можело да прерасне во нешто повеќе од пријателство.

ВОДОЛИЈА

За вас веќе почна едно многу забавно лето! Венера е во вашето поле на врските и наклонети сте кон флертување, полни сте со елан за страст и одвај чекате да се заљубите. Лесно и брзо стапувате во контакт со луѓе кои ви се допаѓаат. Ако сте во врска, потребно ви е да воведете некоја промена за да го одржите пламенот на љубовта.

РИБИ

Вие сте малку забавени и ако сте во врска не би сакале ништо да се смени. Убаво ви е вака и се чувствувате удобно во врската. Ако сте слободни, ве очекува запознавање со многу интересна личност, но каков впечаток ќе оставите зависи само од вас. Истресете ја мрзата и бидете поактивни и покомуникативни летово ако не сакате да бидете сами наесен.

извор: Кајгана

To top