Кога Гвинет Палтроу објави текст за анален секс кај хетеросексуални двојки на нејзиниот блог Goop, отвори широка дискусија за диверзитетот на сексуалните активности, но и опасностите од нив.
Порталот Health консултираше лекари по ова прашање и тие одговорија на најчесто поставуваните прашања во врска со ризиците од аналниот секс.
„На почетокот аналниот секс беше шокантен, па стана културолошка појава, а денес речиси е стандардна појава во спалната соба, или барем таков впечаток се добива од медиумите и ТВ-сериите“, стои во текстот на Goop.
Сепак, истражувањата покажаа дека аналниот секс не е толку честа појава и едно испитување од 2016 година покажа дека само 12,2 % од Американците имале анален секс во изминатите три месеци и тоа на иницијатива на жени кои сакале да го пробаат.
Гинекологот Лорен Стрејчер ги предупредува жените дека аналниот секс доаѓа со свој пакет предизвици.
„Аналниот отвор не е создаден за секс, тоа е пред сѐ еднонасочен отвор. Вагината од друга страна има дебели, еластични ѕидови што се растегнуваат“, вели таа.
Со неа се согласува и Роберт Шнајдер, автор на „Sex Rx“ кој тврди дека повредите на анусот за време на анален секс го зголемуваат ризикот од заболување со некоја полово пренослива болест како ректална гонореја, анална кламидија или ХИВ.
Неинформираноста и неподготвеноста за анален секс се главни причини за повреди при ваквиот вид на сексуални односи.
ХПВ или Human Papiloma Virus може да предизвика анални брадавици и рак на анусот. Мажите често се носители на овој вирус, но не се свесни за тоа бидејќи кај нив не се јавуваат симптоми.
Едно истражување на Универзитетот Нортвестерн покажа дека жените кои редовно имале анален секс забележале промена во столицата и имале уринарна или фекална инконтиненција.
Дури и ако сте во моногамна врска, секогаш користете кондом за анален секс. Ако по аналниот секс продолжувате со вагинален секс, партнерот секогаш треба да го смени кондомот за да спречите инфекции на уринарниот тракт, советуваат докторите.
извор:кајгана.мк