Љубов и Секс

Какви љубовници се мажите кога се заљубени?

Какви љубовници се мажите кога се заљубени?

Сексот на почетокот на врската обично е возбудлив и поинаков од оној во другите врски, но кога тој ќе почне да се заљубува, сексот почнува да станува сосема поинаков.

Ова се дел од знаците по кои може да се заклучи дека врската не му е само за забава, туку дека е лудо заљубен.

Ве бакнува почесто и подолго

Бакнежите се многу интимен чин. Поради тоа, начинот на кој ве бакнува е еден од знаците дека интензивно размислува за длабока врска и гледа иднина со вас. Ако ве бакнува почесто и подолго од претходно, по целото тело, сака да ви стави до знаење дека му се допаѓате и дека се грижи за вас.

Посветен е во сексот

Мажот кој сака само да ужива во сексот, а не и во врската, нема да се труди многу околу предиграта и времето што ѝ е потребно на жената навистина да се возбуди. Кога е заљубен ќе се потруди да бидете задоволни во сексот до најмал детаљ и да почувствувате дека тоа му е важно.

Опуштен е и свој

Кога мажот е опуштен, релаксиран и не брза да си замине по интимните моменти, тоа е добар знак дека е заљубен или почнува да се заљубува. Од истите причини, нема да се труди да ве импресионира постојано и да ви докажува дека е совршен во сѐ, туку ќе ја покаже неговата ранлива страна и ќе ви се доверува за најинтимните работи, вклучувајќи што сака во сексот и во врската.

Извор: Кајгана