Некои традиции одамна се избледени, како онаа дека заедничкиот живот на двојката почнува од моментот кога ќе стапат во брак.
Сепак, многу луѓе сѐ почесто се одлучуваат да живеат заедно пред да кажат „да“, за да можат да го „тестираат“ животот со идниот брачен партнер.
И додека некои стручњаци сметаат дека ваквиот тренд е корисен чекор пред брак, заедничкото живеење може негативно да се одрази на сексуалниот живот на двојката, а со тоа и на врската.
Едно неодамнешно истражување чии резултати беа објавени во списанието Sex Research, покажа дека двојките кои живееле заедно пред да стапат во брак имале помалку секс во првата година од бракот и пониска стапка на сексуално задоволство во споредба со двојките кои почнале зеднички живот откако се венчале.
Истражувачите исто така откриле дека по четвртата година од бракот овие проблеми исчезнуваат.
Во истражувањето во кое биле опфатени 113 хетеросексуални двојки, била следена стапката на сексуално задоволство во првите четири години од бракот. Истражувањето ги опфати и факторите кои влијаат врз сексуалниот живот на партнерите, како заеднички живот или добивањето деца пред брак.
Двојките кои биле испитувани во просек биле во нивните доцни дваесетти, со разнолика етничка припадност.
Исто така, истражувачите дошле до заклучок дека двојките кои живееле заедно пред брак имале помалку секс во првата година од бракот, а исто така и дека сексот им бил помалку квалитетен.
Имањето деца немало значително негативно влијание врз сексуалниот живот на двојките.
Разликата во тоа колку често имале секс двојките кои биле во врска подолго време и/или живееле заедно пред брак и оние кои биле заедно пократко време и почнале да живеат заедно во брак, исчезнува по четири години во брачна заедница.
Кај двојките кои имале деца пред да се венчаат било забележано дека во четвртата година од бракот почнува да зачестува сексуалната активност, што не било случај кај двојките кои немале деца.
Според авторите на ова истражување, потребно е да се спроведат понатамошни истражувања за да се сфати подобро на кој начин сексуалниот однос на двојките се менува во првите неколку години од бракот и како тие промени би можеле да доведат до оддалечување на партнерите или развод.
извор: Кајгана