Ниедно раскинување не е безболно и потребно е време за раните да задрават. Некои хороскопски знаци тагуваат долго, додека други наоѓаат утеха кај новиот партнер. Во продолжение прочитајте како секој хороскопски знак се справува со раскинувањето.
1. Овенот е „во драма“, но не сака да го покаже тоа
На Овенот најмногу му пречи здодевноста и тоа е една од главните причини за раскинување.
Кога ја завршува љубовната романса, овој хороскопски знак воопшто не е достоинствен. Ако партнерот го повреди, веднаш ќе стави ѕид пред него и ќе се однесува ладно кон него.
Иако тешко го поднесува раскинувањето, никогаш нема да го покаже тоа, но ќе даде сè од себе за и понатаму да остане главен освојувач.
2. Бикот страда долго и тивко
Овој хороскопски знак тешко се одлучува да ја раскине врската, но штом ќе одлучи, не се премислува. Бикот е чесен и верен, а тоа го очекува и од својот партнер.
Сепак, тоа е често му се одбива од главата. Тој страда тивко и долго и никому нема да каже како се чувствува.
3. Близнаците со месеци размислуваат „зошто“
Близнаците се справуваат со раскинувањето многу лошо затоа што тие се навикнати да бидат во центарот на вниманието во друштвото. Поради тоа, не можат да замислат некој да ги остави.
Тие бараат објаснувања, му ѕвонат на партнерот во текот на ноќта, имаат испади на нежност, но ако Близнаците се тие што го одлучиле да раскинат, тие се уверени во својата одлука, колку и да била ненадејна.
4. Ракот чека да му се врати партнерот
Ракот е емотивен и често чувствува дека не добива доволно љубов. Сепак, ретко се одлучува за раскинување или за развод.
Тој е упорен во одржувањето на врската, па дури и кога ќе заврши, тој не губи надеж за помирување, а добронамерните совети на пријателите и на семејството воопшто не помагаат.
5. Лавот нема да покаже дека е повреден
Овој хороскопски знак е премногу себичен и горд за да признае пораз и ќе се обиде да ги убеди и другите и себеси дека едноставно не му е грижа.
Но, ако раскине, Лавот се обидува да го задржи својот поранешен партнер како пријател, што честопати го спречува во новите познанства.
6. Девиците раскинуваат на културен начин
Девица е верна и ќе стори сè за врската во која ужива да трае засекогаш. Овие личности често ќе испраќаат љубовни пораки и ќе покажуваат нежност.
Ако дојде до раскинување, Девицата ќе се однесува цивилизирано. Ако дојде до развод и ако имаат деца, овие личности ќе дадат сè од себе за тие да не страдаат премногу.
7. Вага се преправа дека сè е во ред
На прв поглед, Вагата се справува добро со раскинувањето, но сето тоа е само маска. Благодарение на нејзината брилијантна глума, таа нема да покаже дека е повредена затоа што не сака на другата страна да ѝ го допушти тоа задоволство.
Ако таа одлучи да раскине, ќе даде сè од себе за тоа да помине во најдобар ред.
8. Скорпиите на раскинувањето гледаат како на предавство
Скорпијата е склона кон изневерување, но, сепак, раскинувањето го сфаќа како предавство. Поради тоа, ќе се обиде да му се одмазди на поранешниот партнер. Овој хороскопски знак најтешко ја поднесува разделбата затоа што ретко се поврзува со некого.
9. Стрелецот брзо продолжува понатаму
Стрелецот е посесивен партнер, но брзо заздравува по раскинувањето. Тој смета дека не треба да го помине животот во тагување и затоа смета дека најлесно ќе го преболи бившиот ако започне нова врска.
10. Јарецот ќе направи сè за да го задржи партнерот
Јарецот не сака кратки авантури, туку долги врски. Тој не поднесува раскинувања и ќе даде сè од себе за да го задржи партнерот, а во случај да дојде до тоа, ќе го анализира секој свој чекор и ќе се обиде да открие каде погрешил.
Јарецот може да му прости на партнерот дури и за измама.
11. Водолијата се губи толку многу што кажува сè и сешто
Водолијата е верна, но може да залута ако ѝ е здодевно во врската. Таа сака да биде главна и не толерира посесивност, но, сепак, не се справува најдобро со раскинувањето. Сè што треба да му каже на поранешниот партнер, Водолија им го кажува на пријателите и на семејството.
12. И кога тие сакаат да раскинат, Рибите ќе бидат тажни долго време
Рибите влегуваат од една до друга врска многу брзо, но ако партнерот ги остави, чувствителните Риби нема да можат да се помират со тоа и ќе се потрудат да го разубедат.
Тагата, плачењето и болното сеќавање во осаменост се карактеристични за нивното раскинување.
извор:кафепауза.мк