Срамежливите мажи делуваат помистериозно, па затоа често девојките не знаат дали имаат шанси кај нив. Денес откриваме како да ги препознаете знаците на флерт.
Гласните мажи немаат проблем со додворувањето, а кога го прават тоа, девојката која им е предмет на интерес е свесна за тоа што се случува. Посрамежливите се малку помистериозни, па потешко е да ги откриете знаците. Ако ви се допаѓа срамежлив дечко, ова се знаците дека му се допаѓате:
Ве слуша
Ќе учествува во разговорот во кој вие учествувате, но пасивно. Ако го фатите како внимателно слуша што зборите или дека клима со главата кога се сложува со вас, сосема е возможно дека едноставно нема храброст да ви покаже дека е заинтересиран. Поставете му некое прашање – ако се збуни, значи дека дефинитивно размислува за вас.
Ќе го користи мобилниот
Во живо не разменувате повеќе од две реченици, но сосема е друго преку мобилен телефон. Ако е многу поотворен преку мобилниот, а во четири очи делува збунето, тоа значи дека постои нешто што го кочи и дека не знае како да ви пристапи. Наједноставен начин за да преминете преку тоа е едноставно во разговорот да вметнете некои од темите за кои сте зборувале преку пораки.
Ќе се смее
Кога ќе кажете нешто што не е толку смешно, а тој се гази од смеење, треба да знаете дека дефинитивно има нешто. Едноставно не може да ја сокрие својата воодушевеност со вас, па преку смеењето ви дава до знаење дека ве забележал.
Ве следи на социјалните мрежи
Иако можеби едвај ве поздравува кога ќе се сретнете, неговиот начин на комуницирање на Фејсбук или другите социјални мрежи многу говори за реалната ситуација. Ако често ви коментира на статусите, ви ги лајкува сликите или се обидува да воспостави комуникација, тоа значи дека едноставно нема храброст да ви пријде во реалниот свет.