Велат дека кога ќе најдете некој којшто е ист како вас е идеално, но кога сте во врска со партнер кој има ист хороскопски знак како вас, дали е тоа добра љубовна комбинација?
Припадниците на ист хороскопски знак имаат слични енергии, навики и поглед на свет, што понекогаш значи дека доколку и двајцата сте депресивни, ќе имате проблеми во врската.
Овен
Овнот сака поддршка од својот партнер. Доколку двајца припадници на овој хороскопски знак се во врска, оваа врска е осудена на пропаст затоа што и двајцата бараат некој кој ќе им го храни егото.
Бик
Мирните и сталожени Бикови имаат сличен поглед на свет, па нивната врска може идеално да функционира на долг период. Потребен е мир и комфор и сè ќе биде како што треба.
Близнаци
Врската помеѓу двајца Близнаци е невозможна на долг период, затоа што на нив им треба некој кој ќе ги држи цврсто на земја.
Рак
Нивната посесивност и емотивност се многу лоши за љубовната врска, па ќе си го уништат менталното здравје.
Лав
Нивното его кое постојано се бори за внимание ги прави да не се добра љубовна комбинација. Наместо да се грижат еден за друг, тие се борат за внимание и доминација, што може да доведе до лоши односи.
Девица
Независните Девици бараат некој со исто размислување како нив, некој кој ќе ги разбере и ќе им биде поддршка, па партнерот од ист знак е идеален партнер за нив.
Вага
Две Ваги кои се во потрага по баланс и рамнотежа се совршен пар.
Скорпии
Со оглед на тешкиот и посесивен темперамент на Скорпиите, нивната врска може да биде длабока и полна со самодоверба, но и тешка затоа што на подолг период е невозможно да се толерираат еден со друг.
Стрелец
Кога Стрелците уживаат во својата слобода и авантура, имаат разбирање еден за друг и ќе бидат исполнети и вљубени до крајот на животот.
Јарец
Два тврдоглави Јарци кои сакаат сè да биде по нивно, немаат иднина затоа што ниту еден од нив не сака да попушти.
Водолија
Со оглед на тоа дека Водилијата е многу специфична личност, нивната врска не би можела да функционира затоа што нивните енергии нема да се совпаѓаат.
Риби
Рибите се најдобриот знак, полни се со емоција и се посветени на својот партнер, но единствената опасност е тоа што нивната врска се соочува со многу надворешни предизвици.
Извор: Кајгана