Живот и Стил

Како до подобар сон на вашето бебе?

Како до подобар сон на вашето бебе?

Првите години од животот се време на растење и развивање, а во многу случаи беињата имаат проблем со релаксирање.

Ви ги претставуваме  3-те чекори кои ја вклучуваат топлата бања, масажата за релаксирање и времето на опуштање, сето ова му помага на бебето да се чувствува сигурно и поспано.

  1. Топла бања со арома на лaванда

Лавандата е одличен избор за заздравување на рани и обновување на кожата, но воедно и за смирување на нервниот систем, благодарение на неговиот сладок цветен мирис.

 

  1. Смирувачка масажа со масло за деца

Нанесете малку бадемово масло или масло за бебешка кожа на своите дланки и полека масирајте го стомачето на бебето. Внимавајте, затоа што вашите раце треба да бидат топли со цел на бебето да му биде удобно. Масирајте нежно и со еднакво темпо со цел да не го вознемирите. Додека идеалната масажа за стомак е со кружни потези, рацете и нозете масирајте ги со долги и бавни потези. Бебето ќе ужива во лесна масажа на обравчињата и челото.

https://www.youtube.com/watch?v=fL5zDdLK_Uw

  1. Време за опуштање и приспивни песнички

Нежното пеење или зборување, ќе му помогне на бебето да ја развие способноста на опуштање. На тој начин, кога ќе се рабуди преку ноќ, ќе знае како самото да се смири и да продолжи да спие. Веќе од вториот месец во животот, бебињата можат да ги препознаат различните тонови, што музиката ја прави совршен партнер за време на опуштањето и спиењето. Свесни за моќта на музиката, Johnson’s објави заспивни песнички низ истражувањата и работа со многу мајки од светот. Овој избор на песнички за заспивање, може да ви помогне за вашето дете добро да спие преку ноќ, што е важно за неговото растење.

 

 

To top