Љубовта е обичен збор сè додека некој не му даде значење. Секој копнее да биде со вистинската личност, некој со кој ќе оформи семејство и дом, но и ќе создаде спомени и заеднички живот.
Понекогаш се чини дека тешко ќе ја запознаете или препознаете личноста идеална за вас, но има знаци кои можат да помогнат да дознаете дали некој навистина е вљубен во вас.
Сака да биде во ваше друштво
Дури и кога неговите другари се во прашање, тој повеќе сака да минува време со вас отколку со нив, некако не може да ви одолее. Жената во која еден маж ќе се вљуби станува негов приоритет, таа му е најважна во светот и ќе направи се за да се чувствува пријатно покрај него.
Некои мажи дури измислуваат и изговори за подолго време да бидат во друштво на жената која им се допаѓа.
Долго разговара со вас
Некако има чувство како да не сака разговорот да заврши. При тоа делува како да е малку нестабилен на нозе бидејќи е многу возбуден, а се обидува тоа да го прикрие. Очите му сјаат и со вас е постојано насмеан.
Иако важи мислењето дека мажите не сакаат премногу да разговараат, сепак кога се вљубени можат да разговараат со часови. Тогаш откриваат лични работи бидејќи имаат доверба во саканата.
Не е наметлив
Не ви виси над врата или под прозорец, не се обидува опсесивно да го контролира секој ваш потег. Не ги наметнува неговите ставови и искрено сака да го слушне вашето мислење.
Не сака да ве промени, ве сака таква каква што сте. Сака да открие што ви е важно во животот, какво хоби имате, какви ви се односите со пријателите и семејството.
извор: Кајгана