Љубов и Секс

Како да се врати сексуалниот нагон?

Како да се врати сексуалниот нагон?

Што всушност значи кога на мажот ќе му ослабе либидото? Дали тоа го прави помалку маж? И како да го поврати сексуалниот нагон?

Не плашете се
Ниско либидо кај мажите не е ретка појава. Всушност, секој четврти маж (28%) го има овој проблем, наведува студија на здружението Меѓународно друштво за сексуална медицина. Еден од авторите на студијата е и д-р Ирвин Голштајн од болнивата „Алварадо“ во Сан Диего, кој потврдил дека 30% жени рекле дека чувствуваат посилен сексуален нагон од своите машки партнери.

Ако само од време на време одбивате секс, нема простор за паника.

Без стрес
Стресот е најсилниот биолошки инхибитор на сексуалниот нагон, што значи дека ги забавува (или дури и оневозможува) сексиалните реакции. Стручњаците предлагаат овој проблем да го решите со физички активности кои се друштвени, опуштачкиили помалку кометитивни. На пример, да вежбате со партнерот во теретана, но не и тенис.

Сменете ги лековите
Пропишани лекови можат да ви помогнат при губење на косата или за депресија, но можат негативно да влијаат на вашето либидо. Д-р Голдштајн вели дека лековите за спречување на опаѓањето на косата можат трајно да влијаат на губење на сексуалниот нагон. Меѓутоа, најголема опасност се антидепресивите. Постои голем број лекови кои ја спречуваат депресијата, но и желбата за секс.

Мачо влијание
Од мажите се очекува да бидат силни, храбри, да ги решаваат проблемите и да бидат шампиони во секс. Кога тие очекувања ќе потфрлат, се јавуваат проблеми. Всушнот, губењето работа е еден д главните причинители на намалено либидо, сметаат стручњаците

Ослободете се од притисокот
Машкоста не подразбира совршена ерекција или често размислување на секс. За таа нереална слика најмногу придонесуваат порнофилмовите.Кога гледате филмови за возрасни, гледате момци кои се во добро расположение со часови, но тоа не е реално. Затоа не споредувајте се со други и не очекувајте од себе да им парирате. Не размислувајте премногу за тоа што се случило и не грижете се дали повторно ќе ја разочарате и едноставно опуштете се.

Допирајте се
Некогаш будењето ан сексуалната енергија изгледа како палење стар автомобил. Ќе ви биде потребно неколкупати да притиснете на гаста за да се запали. За да ја подигнете сексуалната желба, обидете се со мастурбација, неколкупати дневно, но штом ќе се приближите до свршување, запрете. Сексуалните експерти советуваат да гледате порнофилмови, без допирање. Тоа ќе биде вистински тригер за вашето тело.

Секси собарки, медицински сестри, полицајки
Без разлика што пред вас е вистинска убавица, во секси облека или гола, вам едноставнови е здодевно? Ова е чест проблем во долгите врски. На мажите кои се среќаваат со овој проблем им се советува да имаат повеќесексуални фантазии и тие елементи да ги испробаат со партнерката за да им биде поинтересно и на двајцата. Многу е важно одново и одново да се освежува врската со возбудливи детаи во креветот.

Добар бакнеж
Не е потребно многу за да се вратат неопходните чувства. Доволен е и еден страстен бакнеж од вашата апртнерка. Кога се бакнувате, во телото се лачи окситоцин, кој создава силна врска со некоја личност и чувство на силна блискост. Тоа е многу силен хормон. Доволно е 20 секунди нежно галење и ќе се чувствувате како а се испиле шише вино.

Одиме веднаш
Дури и ако не се чувствувате 100% подготвени, обидете се. Тоа не значи дека треба да одите до самиот крај. Доволное да бидете интимни. Опуштете се, ослободете се од притисокот и уживајте.

извор:нетпрес.ком.мк

To top