Може да биде многу фрустрирачки ако сте во врска со партнер кој е концентриран само на своето задоволство… особено во кревет.
Како да го препознаете себичниот љубовник кој сака да бидат задоволени само неговите потреби и желби, а не мисли на вашето уживање?
Ја избрзува предиграта
Има повеќе причини зошто некој ја прескокнува предиграта, а да немаат врска со себичност. Можеби неговата претходна девојка не сакала предигра, па тој дошол до заклучок дека жените не го сакаат тоа. Можеби станува збор за страв дека ако предиграта долго трае, нема да „издржи“ до „главниот чин“.
Ако за вас предиграта е важен дел од целиот сексуален чин, кажете му го тоа на партнерот. Ако и покрај тоа, тој пак ја игнорира и брза кон сексот во кој тој е главниот играч, вашиот партнер е себичен љубовник.
Го занемарува вашето уживање
Ако партнерот ги исмева вашите сексуални фантазии, па дури и наједноставните желби во кревет – како галење после секс – тоа е знак на себичност. Нема подобар доказ дека вашиот партнер не е заинтересиран за вашето задоволство од тоа дека го врти грбот и заспива веднаш откако ќе заврши сексот.
Се фали пред пријателите со вашиот секс
Сите сакаме да се пофалиме на најблиските кога сме среќни, па дури и да споделиме дека сме имале фантастичен секс, но кога тоа преминува во споделување пикантерии, тоа не само што е знак на невкус, исто така е показател за себичност – нему му е поважно да се покаже како „фраер“ пред пријателите отколку да ја заштити вашата интима, занемарувајќи ги вашите емоции.
Го користи вашиот оргазам како трофеј
Една работа е вашиот партнер да се интересира што ве доведува до сексуална кулминација и што треба да направи за да доживеете оргазам.
Сосема друго е да ве прашува како сте доживеале кулминација за да може со тоа да си го полни егото и да се чувствува како мачо. Повторно, поважни се неговото уживање и „успех“, а тоа е знак дека е себичен љубовник.
извор:курир.мк