Клучот на синхронизираниот оргазам е да ја имате контролата, па обидете се со каубојската.
Гледате филмска сцена во која телата на актерите се испреплетени, забрзано дишат и едновремено двајцата врескаат во екстаза. Двојките од филмовите речиси секогаш го достигнуваат врвот на задоволството заедно.
Сепак во реалноста ова повеќе ви изгледа како урбан мит, отколку нешто што би можело да се случи во вашата спална. Нему му требаат 3 минути, а вас 15 за да доживеете оргазам, не буквално се разбира, но сепак тешко е да се синхронизира тајмингот.
Што треба да направите?
1. Тајната на контролирањето на женскиот оргазам се силни карлични мускули. За среќа, за ова не мора да одите на фитнес, туку додека седите во вашата фотелја на работа или чекате келнерот да ви ја донесе пијачката можете да вежбате со правење карлични контракции, како на пример да го прекинувате уринирањето. Направете го ова 10 пати, а при секое стискање држете по 5 секунди.
Ако успеете да го убедите и вашиот партнер да го прави истото ќе биде одлично затоа што при секс кога гледате дека оргазмот доаѓа, а е прерано, ќе ги згрчите мускулите на овој начин и ќе ги забавите работите долу.
2. Ако тој е расположен за една партија набрзина, а вам мислите се уште ви се на работа, нормално е дека ќе сврши прв.
Затоа експертите велат дека пред сексот важно е да одвоите време за предигра, без разлика дали се работи за романтика или орален секс. Клучно е двајцата да бидете подеднакво возбудени
3. Клучот на синхронизираниот оргазам е да ја имате контролата, па обидете се со каубојската (вие одгоре), ќе командувате со движењата и позициите, а и ќе го имате и изразот на неговото лице пред вас.
Исто така контролирајте го дишењето, длабоко вдишувајте при секое бавно движење. Ако дишењето ви стане хармонично, ќе ви станат и телата.
4. Откако уживавте во возењето легнете двајцата на грб со главите на спротивни страни со колената подигнати и испреплетени со неговите или кучешката поза така што тој ќе може да ви го стимулира клиторисот. Можете да додадете и вибратор.
Клиторисна стимулација плус пенетрација е вистинскиот пат до оргазам. Доколку на вашиот партнер му е потребна возбуда дадете му да го диктира темпото, а ако е пред оргазам направете да излезе од вас и вниманието да го насочи на вас повторно.
5. Оргазмот веќе треба да ви биде пред очите. Направете скала на возбуда до 10, каде 10 е оргазмот. Додека водите љубов прашајте се до каде сте и направете што е потребно за да се доведете на исто ниво и користете ги карличните мускули.
Конечно кога двајцата ќе врескате 10, длабоко вдишете, дозволете му на оргазмот да преземе и полека издишувајте. Можеби е тешко и звучи смешно, но резултатот вреди.
боза.мк