Секоја жена поминува низ фаза во којашто сака некој намачен уметник: дечкото со долга коса, кој лесно се расплакува и пишува темна поезија за тоа колку се мрази себеси. За среќа, ова обично е минлива фаза. На жените не им е потребно многу време за да сфатат дека мажите кои се несигурни во себе и кои се потпираат на жените за да ја изградат својата самодоверба не се мажи кои се способни да имаат здрава романтична врска. Доколку сакате човек што има ниска самодоверба, еве како да му помогнете да изгради самодоверба без да се изгубите себеси во тој процес.
1. Не обидувајте се да го „дополнувате“
Потребно е долго време за да научите дека не е ваша работа да го „поправате“ човекот со којшто сте во врска.
Вие сте уникатна личност, а таков е и партнерот и затоа сте заедно. Ако тој се чувствува празно или нецелосно, вие не сте решението за тоа. Вие не сте со него да го „поправите“, вие сте тука за да го поддржите во целата напорна работа што тој веќе ја прави за да ја подобри својата самодоверба.
2. Потсетете го дека сте во рамноправна врска
Замислете како е ако секој пат кога ќе одлучите да започнете романтична врска, вашиот партнер да ви подава џиновска карпа. Тоа значи дека тој очекува вие да го носите и неговиот товар.
Во секоја врска треба да правите рамнотежа на тежината што ја носите. Дајте му до знаење на партнерот дека го сакате и го поддржувате и дека ќе бидете тука за него кога и да му треба помош.
Но, тој треба сам да си ја заврши работата. Вие може да му бидете најголемата поддршка, но тој не може да очекува од вас да го изградите темелот на неговата самодоверба.
3. Замолете го да не зборува лошо за себе
Кога партнерот се потценува себеси, вие се чувствувате како да го доведува во прашање вашиот вкус.
Секојпат кога неговата ниска самодоверба ќе излезе на виделина, тоа изгледа како да ви кажува дека треба да го напуштите. Можеби тој не го гледа тоа на таков начин, но нека знае дека кога вели „јас сум грд“, „јас сум многу глупав“ или „не знам зошто си со мене“, тој вели „можеш да најдеш подобар“.
Ваквиот однос е штетен за вашата врска, па дајте му до знаење дека вие сте одлучиле да бидете со него од свои причини, причини што немаат никаква врска со неговата ниска самодоверба.
4. Дајте му до знаење дека не се обидувате да го поправите
Мажите што се несигурни во себе мислат дека жените сакаат проект што може да го поправат. Ова може да биде точно кога станува збор за нешто што сте го купиле од супермаркет, но не и за мажот што ги сакате.
Партнерот треба да знае дека може да биде целосна и среќна индивидуа, а вие пак да го сакате. Всушност, вие би го претпочитале тоа на тој начин. Да се биде среќен човек е патување и процес, но не треба да бидете мизерни за да бидете достојни за љубов.
5. Потенцирајте ги вашите улогите во врската
Никој не се сака себеси постојано. Секој има денови кога сам себеси е најлош непријател. Но, мора да имате здрав однос кон себе за да можете да имате здрава љубовна врска. Ако не можете да одржувате здрав однос со себе, како ќе можете да одржувате врска со друга личност?
Започнувањето врска во којашто сте свесни за вашите улоги еден кон друг, ќе ве направи и двајцата да бидете посреќни.
извор: Кафепауза