Секој од нас понекогаш се наоѓа заробен во маѓепсаниот круг на празното секојдневие, страдања, мачни односи и претешки обврски и на сите ние e потребно малку мудрост за да внесеме свежина во нашите животи. Во таа насока прочитајте ја оваа приказна.
Еден човек го запрашал локалниот мудрец: „Како да излезам од маѓепсаниот круг на празното секојдневие во кое нема ниту љубов, ниту среќа?“
Мудрецот му одговорил: „Од кругот можеш да излезеш само на она место каде се спојува почетокот и крајот!“
Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага за место каде небото се спојува со земјата, но хоризонтото секогаш бил на истата далечина. Уморен од сѐ, седнал на обалата покрај океанот, мислејќи дека стигнал до крајот на светот. Зборовите на мудрецот одѕвонувале во неговата глава.
Долго седел на обалата, набљудувајќи ги облаците и сонцето, а ноќе гледал во месечината и ѕвездите и конечно видел како неговото минато и иднина се спојуваат во сегашниот момент и го обликуваат неговиот живот.
Конечно се сетил на одговорот. Не постои место на светот каде почетоците се спојуваат со краевите, но на секое место, крајот се прелева во нов почеток во еден одреден момент.
Повторно го побарал старецот кој го упатил кон хоризонтот, одучен да го совлада времето и да дознае во кој момент може да се ослободи од лошата среќа.
Човекот го прашал мудрецот: „Сега знам каде се спојуваат почетокот и крајот, што да правам?“
Мудрецот одговорил:
„Ако твоето минато е исполнето со страдање, почекај го моментот кога сонцето ќе почне да се крева на хоризонтот и тогаш остави го сето страдање зад себе.
Ако во минатото си бил роб на лоши навики, почекај сонцето да почне да се крева и во следните три дена прави го само она што сакаш да го правиш до крајот на животот.
Ако твоето минато е исполнето со мачни односи и врски, тогаш побарај нови луѓе и со нив тргни кон иднината, а сите останати остави ги зад себе и не гледај назад.
Ако во твојот живот немало радост, тогаш направи што било што ќе те направи среќен, без оглед на тоа за колку малечка работа се работи, таа ќе се прошири на целата твоја иднина.
Ако во твојот живот немало љубов, во тој момент погледни во сонцето со поглед полн со копнеж и ќе ја сретнеш љубовта на твојот живот.“
Човекот се заблагодарил и си отишол по својот пат.
Никогаш повеќе не го посетил мудрецот.
Вашите старите маки нека останат зад вас, понесете го само она со коешто сакате да ја исполните вашата иднина. Ако го направите тоа, ќе ја сретнете љубовта на својот живот. Барем така вели старата легенда за човекот и мудрецот.