Да се освои девојката од соништата е како да сте го добиле автомобилот од соништата. Но, за автомобилот можете да направите зделка, за девојката не можете да добиете 20% попуст. Освојувањето најмногу зависи од тоа колку ви е големо срцето. „Матно“ срце никогаш не може да освои девојка. Првиот чекор за освојувањето на женското срце е да се остави добар впечаток.
За да го направите тоа не мора да зборувате, облекувате или да правите слични нешта како што прават сите. Бидете единствени и свои. Бидете оргинални, тоа е единствено што ви е потребно. Облекувајте се пристојно – непристојното облекување значи ароганција, внимавајте на јазикот – културното изразување секогаш остава добар впечаток, бидете човек со добри навики – не пијте и не пушете како другите. Пуштете ја да се вљубува во вас постепено.
Изненадете ја со некој ситен детал, смс порака или букет цвеќе со убава порака. Мал гест, но многу значаен. Дружењето и разбирањето на девојката се начини да и се доближите. Треба да разберете дека таа е дама, сака да биде сакана, обожава да биде обожувана и има потреба да е потребна некому. Овој чекор ќе ви помогне да се зближите, да дознаете повеќе за неа. Љубовта се гради на пријателство. Не заборавајте секогаш да бидете покрај неа кога ќе треба да прославите некој значаен момент, но и кога ќе и треба рамо за плачење. Направете девојката да се чувствува посебно, затоа што таа е нечиј пријател, ваш пријател.
Покажете и дека таа допрела до вас како ниедна друга досега. Дајте и комплимент за тоа што е покрај вас кога имате потреба од неа, кога се чуствувате осамени и тажни. Насмевнете се и кажете и дека секогаш ви е пријатно со неа. Бидете креативни, изненадете ја кога најмалку ќе очекува. Можете да и се јавите рано изутрина и да и кажете дека сте на седмо небо каде што се вљубените луѓе кои не можат да заспијат. Верувајте, ќе успее! Не ја бакнувајте кога го очекува тоа од вас. Бидете господин и почитувајте ја. Покажете и дека можете да бидете трпеливи.
Пробајте да и докажете дека сте и потребни, кога е болна, кога и е досадно, кога е уморна, кога едноставно има недостаток од витаминот ВИЕ. Тогаш верувајте ќе ви ја отвори вратата од своето срце. Трпението и самоконтролата ќе ве направат поатрактивни и шармантни. Тоа ќе доведе да бидете нејзината дневна витаминска доза и ќе го освоите нејзиното срце.
Ви посакуваме да ја најдете девојката од вашите соништа, да се вљуби во вас и да ја направите најсреќната девојка на планетата.