Луѓето кои мислат дека се постојано во право се тешки како колеги, пријатели, роднини, но најтешки се како партнери.
Овие совети од терапевти ќе ви помогнат полесно да излезете на крај доколку сте одбрале ваков човек за партнер:
1. Бидете објективни
Признајте дека постојат области во кои вашиот партнер докажано е подобар од вас и има поголемо познавање. Во тие области допуштете му ја контролата.
2. Контролирајте ги емоциите
Што повеќе се вознемирувате толку партнерот, кој тера по свое, ќе ви делува ирационално. Затоа, обидете се своите гледишта на ситуацијата да ги понудите смирено и рационално.
3. Покажете емпатија
Многу луѓе кои сè сакаат да имаат под контрола чувствуваат анксиозност кога ја губат контролата над ситуацијата. Кога другата страна дава отпор тоа во нив ја зголемува потребата од уште поголема контролирање и затоа обидете се да ги разберете.
4. Бирајте ги битките
Расправајте се за нешто што навистина ви е важно, во други ситуации оставете партнерот да биде во право.
5. Размислете за причината на ваквото однесување
Честопати изворот од потребата сè да се држи под конец датира од детството. Можеби тие луѓе претрпеле сериозни премрежија кога почувствувале дека ја губат контролата или имале неодговорни родители па морале за сè самите да ја преземат одговорноста.
извор: кајгана.мк