Љубов и Секс

Како да го претставите вашето минато на новиот партнер

Како да го претставите вашето минато на новиот партнер

Отворениот разговор со новиот партнер е важен, но знае да биде навистина тежок, особено кога треба да зборувате за вашите претходни врски.

Размислувањата на оваа тема се разликуваат, но зборувањето за вашите претходни врски со вашиот сегашен партнер може да ви помогне кога станува збор за чувствата и потенцијалните идни проблеми, кои имаат големо влијание во вашата врска. Може на партнерот да му помогне да го сфати начинот на кој реагирате во одредени ситуации и може да му помогне да ве запознае подобро. Но, пред да почнете да зборувате треба да ги имате предвид овие работи.

post cover photo

СО КОГО ЗБОРУВАТЕ

Можеби сте личност којашто со секој може отворено да зборува за своите чувства и случки, но сепак треба да внимавате на тоа со кого зборувате и на кого му ги споделувате вашите приватни работи. Ова важи за секаков вид на врска, без разлика дали е со пријатели, колеги, семејство и секако со партнерот. Момчето кое го запознавте преку интернет и со кого бевте на три состаноци, но не ви се допаѓа премногу, нема потреба да знае за вашите поранешни врски. Потребно е да се чувствувате пријатно со личност на која ѝ ги споделувате сите работи, бидејќи може да биде емотивно и да ви биде потребен некој кој ќе ве разбере и ќе ве сослуша до крај. Воопшто не е важно колку долго се познавате со личноста, туку е важно како се чувствувате кога сте заедно.

ШТО ДА ЗБОРУВАТЕ

Можеби сте од оние личност кои сметаат дека партнерот треба да знае за вас сѐ и обратно. На тој начин може да се оформи посилна врска. Но, постојат луѓе кои не размислуваат така и кои не чувствуваат потреба и удобност да споделуваат сѐ, а тоа понекогаш знае да доведе до непријатни и збунувачки ситуации во врската. Затоа, најдобро е секогаш да се задржувате на големите работи, а да не навлегувате премногу длабоко во деталите. Зборувајте за посериозните ситуации во врската и работите кои ви пречеле или кои ви се допаднале. Кога ќе се придржувате до посериозните ситуации тогаш создавате дијалог и создавате појасна слика за вашето минато, со што вашиот партнер полесно ќе ги разбере вашите реакции за време на караниците. Ако не зборувате за вашите претходни врски, тоа нема да ги избрише, сепак тие се дел од вас и ве градат како личност. Никогаш не зборувајте за тоа колку вашите пријатели и семејство го сакаат вашето бившо момче, колку е добар во креветот, работите кои сте ги планирале за иднината и слично. Овие работи можат да доведат до проблеми во врската, а исто така и појава на љубомора.

КОГА И КАДЕ ДА ЗБОРУВАТЕ

За да одлучите кога и каде треба да зборувате за претходните врски може да биде тешко, сепак не ви сакале да го кажете тоа во несоодветен момент. Без разлика дали ќе зборувате во вашиот омилен ресторан или пак на некое интимно место, најважно од сѐ е како вие се чувствувате во моментот и на тој начин ќе знаете дека е вистинското време. Потребно е да се чувствувате удобно на местото и со личноста. Секогаш се создава онаа природна, искрена конверзација кога се чувствувате дека можете да зборувате за нешто што е поинтимно. Доколку го планирате разговорот тогаш може да дојде до напнати моменти, особено ако темата е со посериозна природа. Едноставно направете го тоа во моментот кога ќе се чувствувате најпријатно и слободно.

КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ЉУБОМОРАТА

Љубомората не треба да биде проблем ако не постои причина за да се појави. Ако зборувате за тоа колку вашата мајка го сакала вашето поранешно момче, а и тој неа, секако дека кај вашиот сегашен партнер ќе се појават чувства на вознемиреност. Имајте отворен однос со вашиот партнер за тоа како тој се чувства кога зборувате за вашето минато, можеби му е потребно да слушне дека навистина сте среќни со него.

To top