Љубов и Секс

Како да го преболите раскинувањето ?

Како да го преболите раскинувањето ?

Секое раскинување боли. На некои тоа им се случува повеќе пати. Оние кои се оставени се чувствуваат ужасно, депресивно… Но, оние кои оставаат исто така патат, според стручните лица…

 

Раскинувањето не се случува одеднаш и без причина. Не затворајте ги очите пред вистината. На раскинување можат да укажат следниве ситуации:

-Партнерот/ката прави планови во кои не ве вклучува вас

-Одбива да излегува навечер со вас

-Често започнува кавга без причина

-Не е заинтересиран/а за секс како порано

Психолозите советуваат дека никогаш не треба да ја молите за љубов личноста која ве оставила, ниту да се обидувате да се смирите со истата. Тоа само ја продлабочува агонијата. Наместо тоа, продолжете напред. Еве неколку предлози:

-Пружете и прилика на некоја друга личност

-Не ѕвонете и на личноста која ве оставила и не праќајте и пораки

-Не барајте од неа/него да ви ѓи врати вашите работи

-Излегувајте, дружете се почесто и насочете ги мислите кон нешто друго, на пример, вашата кариера

-Не посетувајте ги заедничките места и избегнувајте ги заедничките пријатели

-Престанете да размислувате за минатото и уживајте во слободата.

Многу е важно да го преболите раскинувањето и да сфтатите дека тоа е уште едно искуство во животот кое од вас направило посилна личност. И после раскинувањето доаѓа нова и можеби уште посилна љубов.

To top