Љубов и Секс

Како да го натерате да се заљуби во вас? Шест начини како да го заведете

Како да го натерате да се заљуби во вас? Шест начини како да го заведете

Голем број на истражувања кои се спроведени, покажале дека всушност може да ја контролирате љубовта.

Всушност, се работи за психолошка емоција, па со неколку психолошки трикови може да научите како да направите некој да се заљуби во вас.

Секако, не значи дека ќе направите магија и посакуваната личност веднаш ќе се вљуби, туку едноставно постојат начини на кои може да направите да ве посакува и да ја привлечете.

Не нарачувајте сладолед на првиот состанок

Некои истражувања покажале врска помеѓу температурата на телото и психолошката состојба на човекот. Кога физички сме топли, сме пољубезни и пријателски настроени кон луѓето, што е многу важно за првиот впечаток.

Па затоа, за следниот состанок, бирајте топли места, пијалаци и храна.

Предностите на продолжениот контакт со очи

Во истражување е откриено дека паровите кои се многу заљубени се гледаат во очи во 75% од времето и погледот трае подолго, додека останатите се гледаат во очи 30-60% од времето.

Но, освен што контактот со очи е последица на заљубеност, со тоа исто така му правите трик на соговорникот и го потсетувате како љубовта изгледа, посебно ако го правите тоа често, па почнува да гледа на вас во романтична смисла.

Кажете нешто чудно за себеси

Очигледно е дека отворена и комуникативна личност има поголеми шанси да биде допадлива и привлечна, па затоа наместо да се правите безгрешни и совршени, уште на првиот состанок може да го скршите мразот и да раскажете некоја чудна ситуација во која сте се нашле.

Тоа функционира исто како тајните – кога ќе кажете некому тајна, се создава посебна врска помеѓу вас и личноста, базирана на доверба и разбирање.

Најдете заеднички таен јазик само за вас двајца

Секако, не треба да измислувате нови зборови, но користете посебни зборови кои ќе се однесуваат само на вас двајца, или гестикулации со кои ќе се поврзете, па дури и емотикони кои постојано ќе ги употребувате и ќе ве зближуваат во различни ситуации.

Бидете често со нив, но направете и да им недостасувате

Важно е да поминувате повеќе време заедно за да се зближувате, но мора да држите и дистанца од време навреме. Психолозите советуваат да направите недостаток на вашето присуство, за да постигнете неколку важни работи:

Нема да си здосадите после краток период

Другата личност ќе има можност да сфати колку врската станала важна

Можете да ги контролирате емоциите и да размислувате трезвено.

извор:попара.мк

To top