Лошите односи резултираат со незадоволство на крајот. Шармот, романтиката и подароците се убави, но веднаш штом ќе забележите некои од првите знаци на себичност, подобро би било да ја барате среќата на друго место. Таквите личности не се фокусирани на вас, туку на самите себеси, а вие би можеле да бидете колатерална штета на таа врска. Иако на почетокот сè може да изгледа убаво и розово, вистинското лице излегува на виделина порано или подоцна.
Кога луѓето ќе забележат алармантни знаци, обично ги игнорираат сметајќи дека тоа е само фаза. Но, како што одминува времето, овие мали знаци може да прераснат во сериозни проблеми. Никој не е совршен, но игнорирањето на некои знаци може да ви предизвика само болка и повреда. Откријте кои личности треба да ги избегнувате.
1. Не го оставил минатото зад себе
Врската со ваков партнер може да ве повреди емоционално. Тој често може да ве споредува со некого од своето минато, а вие може да страдате поради тоа.
2. Не знае што сака
Без разлика дали станува збор за чувствата, за поврзувањето, за минатото или за што било друго, за добар однос е потребна јасност за да се постави цврста основа. Изјавите како „да не брзаме“ може да бидат многу опасни, особено ако забележите дека партнерот го прави тоа и во други ситуации.
3. Не ги исполнува вашите очекувања
Лесно е да шармирате некого и да глумите дека сè изгледа прекрасно. Но, кога е време за конкретни работи и дејства, партнерот има еден куп изговори.
4. Тој е опседнат со себе
Лесно е да забележите личност што се врти околу својата оска затоа што таа зборува само за своите проблеми и треба некој да ја слуша. Кога треба да ги слушате или да им помогнете, тие се тука, но кога ситуацијата е обратна, тие се повлекуваат или исчезнуваат.
5. Мисли дека никогаш не прави грешки
Прифаќањето вина е нормално и покажува дека сте човечко суштество. Но, оние што постојано наоѓаат оправдување, не се најискрените луѓе и имаат големо его.
6. Никогаш не е тука за вас
Треба да чекате со часови за да добиете повратна порака или повик. Овие личности се себични и стапуваат во контакт само кога тие сакаат. Со таков партнер нема никогаш да се чувствувате посебно и сакано.
извор:кафепауза.мк