Сте влегле во нова врска или со години сте во брак? Еве на што најчесто треба да обрнувате внимание ако сакате врската да успее. Овие грешки најчесто ги прават партнери кои на крајот се разделуваат, односно разведуваат.
„Најчести знаци на предупредување се досадните расправи за секојдневните работи, некомпатибилноста во сексот и губењето контрола над финансиите“, истакнува адвокатот за разводи Кетрин Томас за Daily Mail.
Таа откри кои грешки треба да ги избегнуваат луѓето во врска, односно кои грешки доведуваат до крај на љубовта.
1. Не правете премногу компромис
Океј, компромисите се важни и потребни во врска, но и во тоа треба да се има мера како и во сè друго.
„Клиентите кои се разведуваат многу често ми велат дека премногу му попуштале на партнерот да биде по негово, во желба да избегнат конфликт за да на крајот еден ден се разбудат и сфатат дека не направиле ништо за себе“, вели Томас.
2. Не дозволувајте само еден да ги контролира парите
Дури и во случај само еден од вас да заработува пари, поделбата на финансии и јасниот увид во нив е знак на доверба, а отсекувањето на еден од партнерите од информации за домашниот буџет е првиот знак на предупредување.
3. Одржувајте ја страста
Томас наведува дека паровите кои сакаат да се разведат во 90% од случаите се жалат на неразбирање од другата страна за нивните интимни потреби.
„Жените најчесто велат дека мажите мислат дека желбата за секс се пали и гаси како да има прекинувач, а всушност не е така. Мажите мислат дека нивната партнерка не е расположена за љубов, не разбирајќи дека не успеваат да ги прочитаат нејзините сигнали и да им се адаптираат“, предупредува таа.
4. Пронајдете цел
Долгата и среќна врска се заснова на заедничко исполнување на цели, дури и кога изгледаат безначајно. Што сакате да правите, каде сакате да живеете, како ќе ги воспитувате децата и сите останати мали и големи прашања мора да бидат решени и околу нив да се сложите. Во спротивно, подоцна може да се појават сериозни несогласувања и префрлања.
Тоа е уште еден проблем којшто ќе го решите однапред со комуникација.
извор: Кајгана