Редовното бакнување не е само начин на кој паровите стануваат поблиски и поинтимни, туку оваа романтична активност има влијание и врз физичкото здравје.
1. Бакнувањето го зајакнува имунитетот
Со годинини наназад се знае дека преку бакнежите се пренесуваат бацили и се зајакнува одбранбениот систем на организмот. Кај жените, бакнувањето може да го подготви имунолошкиот систем за одбрана од цитомегаловируси, кои можат да предизвикаат слепило кај новороденчињата и други дефекти на плодот, доколку мајката е носител за време на бременоста.
2. Бакнувањето согорува калории
Во зависност од страста и начинот на бакнување, оваа активност може да согори од 2 до 6 калории на минута. Секако, тоа не е ни блиску до која било форма на вежбање, но бакнувањето во текто на еден час може да согори доволно калории за безгрижно да посегнете по едно чоколатце или по чаша бело вино.
3. Бакнувањето ги прави фацијалните мускули посилни
Бакнувањето е одличен тренинг за мускулите околу устата и воопшто целото лице. Во текот на бакнувањето се активираат околу 30 мускули, а редовното бакнување ќе ви помогне да ја одржите затегнатоста на кожата на лицето.
4. Бакнувањето природно ве опушта
Научните истражувања потврдија дека бакнувањето го зголемува нивото на окситоцин, хемикалијата што придонесува за смирување. Исто така, при бакнување доаѓа до зголемување на нивото на ендорфини, хемикалиите кои даваат пријатно чувство. Размената на плунка го зголемува нивотот на допамин, што дава чувство на поголема романтична поврзаност.
5. Бакнувањето ви помага да одберете совршен партнер
Од 12 мозочни нерви, 5 прибираат информации од пределот околу устата. Во моментот на бакнежот, постојат природни механизми кои ги проценуваат: здравствената состојба, репродуктивниот статус и генетската компатабилност. Поради тоа, при првиот бакнеж добивате информации кои ја одлучуваат иднината со потенцијалниот партнер.
6. Страстното бакнување е добро за оралното здравје
Страстните бакнежи го зголемуваат излачувањето на плунка, што помага во одржување на здравјето на устата, забите и непцата. Дополнителната течност ви помага при ослободувањето од честичките храна кои останале во устата и го стимулира имунолошкиот систем, потпомагајќи ја борбата на телото против инфекции.