Некогашната радиоводителка, Дивна Карлеуша, почина на 3 март 2019 година.
Денес се полнат три години од смртта од мајката на Јелена Карлеуша.
Токму по тој повод, пејачката се огласи на „Инстаграм“ со емотивна порака.
-Мојата убавица, мојата вечна рана…Денес се наполнија три години како не напушти Дивна…но, само во физичка форма. Додека моето сце чука,таа е жива. (Цел живот бев опседната со бројот 3 и Дивна тоа го знаеше. Секогаш го бирав тој број во се, од броеви во телефон, го принудував Душко да го носи бројот 3 на дредот бидејќи мислев дека носи среќа, го наместував бројот 3 во секоја ситуација. А потоа…Мојата мајка почина на 3 март (3.3) и тој ден не ни сфатив дека е тој датум. И кога бирав за неа гробница мислам дека ја одбрав најадекватната….неколку дена подоцна видов дека таа парцела го носи бројот 1/33,напиша пејачката покрај неколку фотографии од нејзината мајка.
За потсетување, Дивна боледуваше од канцер на белите дробови, па за жал ја изгуби битката со опасната болест. Јелена ја водеше Дивна во многу болници, па освен терапијата која ја примаше во Србија, често патуваше во Турција, Холандија и Данска каде што исто така примаше терапии.
Смртта на Дивна потполно ја „уништи“ Карлеуша.
-Јас речиси една година носев перика бидејќи од стрес ми падна косата. Тоа не се знае. Нема пострашна работа кога некој како мене се бори во секоја ситуација, да не може да го спаси оној кој најмногу го сака на цел свет. Таа ми испадна од раце и не можев да ја спасам, изјави Јелена во една прилика.
фото: karleusastar