Радио Милева

Карлеуша по долго молчење се обрати со најново соопштение до медиумите, па веднаш следеше коментар од македонска фолкерка

Карлеуша по долго молчење се обрати со најново соопштение до медиумите, па веднаш следеше коментар од македонска фолкерка

Последниот месец актуелна тема во сите медиуми во регионот беше наводната порно афера на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер, Огњен Врањеш.

Имено, во медиумите се појавија експлицитни фотографии на кои наводно е српската ѕвезда, а кои наводно ги праќала на Огњен.

Карлеуша ги демантираше пишувањата дека имала нешто со колегата на нејзиниот сопруг истакнувајќи дека се е фотомонтажа и дека босанскиот фудбалер сакал да има нешто со неа.

По големиот скандал, Карлуша заедно со ќерките замина кај својот сопруг во Кина каде го прославија неговиот роденден.

 

View this post on Instagram

 

Birthday boy @duskotosic ? ❤️?❤️??❤️??❤️???❤️???❤️

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on


По враќањето, таа не сакаше да дава никакви изјави за медиумите. По неколку снимања на „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша замина во Дубаи каде се наоѓаше нејзиниот сопруг, па на социјалните мрежи често споделуваше заеднички фотографии.

 

View this post on Instagram

 

Goodbye Dubai, concert in Berlin tonight! Ps(nova pesma “LaJK” kidaaaaa! Hvala svima??????❤️❤️❤️)

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Од Дубаи, Карлеуша замина на настап во Берлин, а по нејзиното враќање на својот „Инстаграм“ се обрати до медиумите исктанувајќи дека поднела тужби.

„Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод. Се што е досега објавувано од страна на медиумите, како моја изјава, изјава на мојот сопруг, член на моето семејство, апслутно е измислица.Пред мене стојат правни полномоштва за 120 тужби кои ги поднесов кон српските медиуми поради страшна нечовечна антикампања. Удрија на моето име, моето достоинство, моето семејство, на моите деца, сопругот, мајката.Овде не станува збор за медиумско известување туку за грубо навредување, напад полн со лична омраза, зло и желба за одмазда“ вели Карлеуша во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

✍? 120 lawsuits against Serbian press

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on


Таа истакна дека сите пари кои ќе ги добие ќе ги даде за хуманитарни цели.

Од самиот почеток на скандалот, Карлеуша доби поддршка од нејзините колеги и колешки како од Србија, така и од регионот.

На најновото соопштение кое го објави на „Инстаграм“  следеше коментар и од македонската фолкерка Сузана Гавазова која под објавата напиша: „Јелена, ние те сакаме“.

foto: printscreen/instagram

За потсетување, Гавазова неодамна сними две песни за „Гранд“  и одлучи да се пробие на српскиот пазар, а сега и јавно ја подржа Карлеуша која е дел од „Гранд продукција“ и „Ѕвездите на Гранд“.

To top