Љубов и Секс

Јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Луѓето се во право кога велат дека љубовта е слепа. Често се случува навреме да не видите со каква личност сте стапиле во врска и тоа поради силна заљубеност и увереност дека сте со вистинскиот човек во вашиот живот.

Но, партнерот може тоа да го искористи и да ве врти околу малиот прст, а вие слепо да му верувате. И тоа може да трае долго и со текот на времето да биде уште поочигледно, но вие не може да го забележите.

Сепак, на лагата секогаш нозете ѝ се кратки, па колапсот е неизбежен. На крајот ќе сфатите дека личноста која ви била неизмерно мила всушност емотивно ве злоставува, а тоа го прикрива со нежности.
Емоционалните психопати се полни со шарм, а всушност со леснотија ве контролираат за вие да го правите тоа што ним им одговара. Вие инстинктивно ќе почувствувате дека нивното однесување не е во ред, но нема во целост да знаете што навистина се случува.

Како да ги препознаете знаците дека сте во врска со емоционален психопат?

– Вие сте виновна за сѐ што се случува.
– Не лаже само за работите кои директно влијаат на вашиот живот, лаже за сѐ без око да му трепне.
– Ве обвинува дека поради вас не може тој да успее во животот.
– Вашите чувства и емотивна состојба воопшто не му се приоритет.
– Ви забранува да се дружите со други луѓе, во јавност смеете да се појавувате единствено со него.

Не дозволувајте да си го губите времето со ваква личност. Отворете ги очите и изборете се за вашите права. Не дозволувајте никој да си игра со вашиот живот за своја лична корист.

Извор:Кајгана.мк

To top