Живот и Стил

Јануари е идеален месец за уживање: Пет филмови кои мора да ги погледнете со семејството додека уште траат празниците

Јануари е идеален месец за уживање: Пет филмови кои мора да ги погледнете со семејството додека уште траат празниците

Ако ви се допаѓа сè што има врска со Нова Година, Божиќ, зима и снег, тогаш јануари е идеалниот месец во кој можете да уживате малку повеќе празнична атмосфера.

Ви препорачуваме слободните денови или вечери да ги искористите со добри филмови во кои главен мотив е Божиќ и се што има врска со овој празник.

1. Five Star Christmas

Луси оди во куќата на нејзиниот татко за празниците, каде што ќе се собере целото семејство. Сепак, на самиот праг ги чека големо изненадување – нивниот татко семејниот дом го претворил во пансион. Семејството нема време да се опушти, бидејќи првите гости се на врата, а еден од нив е мистериозен водич, кој може да им даде пет ѕвезди, да го започне нивниот бизнис или да ги оцени лошо и да го уништи таткото на Лука.

2. Happiest Season

Ова е филм со тотално поинаква тема – љубовта е важна, но на малку поинаков начин. Филмот ги следи Аби и Харпер, две девојчиња кои се во емотивна врска и кои одат кај родителите на Харпер. Аби сака да ја запроси, и да побара дозвола од таткото на Харпер, додека нејзините родители имаат малку поинакви планови за нивната сакана – Конор, средношколец.

3. Last christmas

Кејт е девојка која шета по улиците на Лондон. Таа е неодговорна, несмасна, но бескрајно духовита. Приказната почнува да се менува кога таа, како работничка во божиќна продавница, запознава мистериозен дечко и почнува да се заљубува во него. Сепак, животот не е бајка…

4. A Christmas Prince

Непосредно пред Божиќ, амбициозната млада американска новинарка Амбер Мур оди во странската држава Алдовија за да известува за прес-конференција одржана од принцот Ричард, кој треба да го преземе тронот по неодамнешната смрт на неговиот татко. Ричард во печатот е претставен како неодговорен плејбој, а се шпекулира и дека планира да абдицира. Откако принцот не се појавил на конференцијата, Амбер решава тајно да влезе во палатата и да го прифати новиот идентитет на учителката на девојката од дворот, за да ги истражи гласините за абдицирање.

5. Holidate

Слоун и Џексон се двајца странци на кои им е доста од сингл за празниците. Поради комбинација на чудни околности, тие се согласуваат да си играат како партнери на сите семејни и празнични собири.

извор: ппара.мк

To top