Младата македонска пејачка Јана Спирковска е уште едно свежо и надежно музичко име на домашното забавно небо кое ветува.
Со крајот на 2023 година Јана ја претставува песната „Контрола“ која е модерно електронско и динамично музичко парче кое се интегрира со тековните музички трендови.
Песната е дело на пејачката Наташа Миха и нејзиниот сопруг Дамир Пух, тој исто така го потпишува аранжманот, а Миха текстот на песната.
За нештата да бидат комплетни со аудио и видео изработен е и спот од Горан Симјановски, а поткрај Јана во видеото се појавуваат и две девојки и едно момче, Никола Андоновски, Калина Трајковска и Ања Илич.
Инаку, Спирковска за брзо време ја освои публиката со нејзиниот убав глас, лик и стас. Таа остави силен впечаток со својот забележителен настап на „Макфест 2022“ во Штип со изведбата на песната „Дел од себе“. Јана настапува и со „Акустик трио“ каде член е и нејзинот момче и помлад брат на „Џокер“, односно Роберт Спасецновски, Александар.
фото: You Tube printscreen