Неделава започнаа уписите на првачињата во основните училишта, па повеќето мајки, особено оние кои за првпат ќе пуштат дете на училиште се ултра сензитивни и емотивни што нивното малечко ќе биде прваче.
ТВ водителката Милена Антовска Станковска деновиве објави дека ја запишува нејзината ќеркичка Лана Марија која е радосна што ќе тргне на школо, а сега и пејачката и водителка Јана Бурче се најде во истата ситуација со Дона.
Како да беше вчера кога во 2017 година ја гледавме бремена Јана на евровизиската сцена, а сега тоа бебе кое беше во утробата, порасна и стигна да биде прваче. Насмеано детенце, со кренати рачиња пред новите предизвици и компелтно новото спознавање на се’ колу себе. Најемотивна секако беше мама Јана која не ги задржа солзите.
-Маче прваче, мама плаче, напиша таа за фотографијата од малата Дона.
Затоа не попусто се вели: „Една е мајка“! Најсветото нешто на светот. Жената која најмногу се сака, вечно се памети, никогаш не се заборава. Ниту таа, ниту нејзините дела, нејзината љубов, топлина, сите нејзини жртви и безрезервни давања, за децата.
View this post on Instagram
Летото ќе биде период за привикнување пред новите, училишни денови, а од 1-ви септември со лесни чекорчиња кон училиште, насмевки и секако уште некоја мајчинска солза!
фото:Инстаграм принтскрин/Јана Бурче