Љубов и Секс

Јадете ги овие продукти за подобар секс

Јадете ги овие продукти за подобар секс

Ако сакате вашиот сексуален живот да биде многу подобар одошто е сега, верувале или не, храната може да ви помогне во тоа. Во некои јадења има витамини и компоненти кои ја зголемуваат сексуалната функција и со тоа, сексуалното искуство. Еве неколку продукти кои имаат голема улога во афродизијачката историја, го зголемуваат сексуалниот апетит и прават да се чувствувате неодоливо секси.

Авокадо

Ацтеките мислеле дека ова овошје е добро за  тестисите, заради неговиот облик. Научните факти пак, зборуваат дека авокадото е афродизијак поради големиот број незаситени масти кои ги содржи, наспроти заситените кои ги има малку. Незаситените масти го прават авокадото одлично за срцето и артериите. Сè што овозможува срцето да биде здраво, помага и крвта да тече на вистинските места во телото. Всушност, мажите со затскриени срцеви болести, два пати повеќе се изложени на ризик од еректилна дисфункција.

Бадеми

Бадемите ја зголемуваат страста, дејствуваат како сексуален стимуланс, а исто така се и лек за плодноста. Исто како и аспарагусот, бадемите се богати со цинк, селен, витамин Е, кои се важни за сексуалното здравје и репродукцијата. Цинкот го подига либидото и сексуалната желба.

Јагоди

Една студија покажала дека за мажите се секси оние жени кои носат црвена боја. Јагодите се одличен извор на фолна киселина и витамин Б, кои се одлични за жените бидејќи ги отстрануваат дефектите при пораѓањето, а кај мажите овозможуваат создавање на поголем број сперматозоиди.

Морска храна

Иако имаат лизгава текстура, остригите се добро познат афродизијак. Тие се богати со цинк и затоа се одлични за подигање на либидото. Освен остригите, лососот и харингата се богати со омега 3 масни киселини и се дел од морските плодови кои влијаат на сексуалниот живот.

Рукола

Истражувањата покажаа дека овие зелени листови наречени рукола се полни со минерали и антиоксиданси кои се есенцијални за сексуалното здравје, бидејќи ја блокираат апсорпцијата на загадениот воздух, кој пак негативно влијае на либидото. Предлог: салата со рукола, тостирани ореви, маслиново масло и рендан пармезан.

To top