Денес се полнат 40 дена од смртта на легендата на народната музика, Шабан Шаулиќ кој почина во сообраќајна несреќа во Германија.
Прва на гробот пристигнала Илда заедно со својот сопруг, донела цвеќе и запалила свеќа. Веднаш потоа пристигнала и Санела која исто така донела цвеќе.
И двете запалиле цигари за Шабан, а потоа се поздрвиле со роднините и пријателите кои исто така пристигнале да му дадат почит на пејачот.
Сопругата пристигнала со синот Михајло, веднаш се приближила до гробот и ја бакнала плочата. Цело време стоела и плакала. Покрај неа била и неуштената сестра на Шабан која цело време шепотела.
„Душо моја, среќо моја, ја нема повеќе мојата насмевка“ плачала сестрата на Шабан.
За потсетување, Шабан почина на 17 февруари во сообраќајна несреќа во Германија од каде тргнал на аеродром од каде имал лет за Белград.
фото: Принтскрин