Радио Милева Во тајност од јавноста

Изненадување како гром од ведро небо: Симона Поповска по вторпат стана мајка (фото)

Изненадување како гром од ведро небо: Симона Поповска по вторпат стана мајка (фото)

Пејачката и докторка Симона Поповска ги изненади следбениците и останата јавност со објавата на својот профил на Инстаграм дека таа и нејзиниот сопруг Крис Поповски станале родители по вторпат.

Имено, Симона пред 10 дена на свет донела машко бебе кое го доби името Стефан.

-На 17. 08. Бебме благословени со доаѓањето на Стефан, напиша Симона.

Во прилог беа објавени фотографии од специјалната фотосесија каде таа во последните денови од бременоста позира со нараснатиот труднички стомак, во друштво на сопругот и сама во разни стилски комбинации од кои во преден план е трудничкиот стомак.

За разлика од претходно, односно пред една година кога беше бремена со првото синче Никола, Симона откри дека чека бебе, но овој пат сакаше тоа да остане комплетна тајност се до доаѓањето на бебето на свет.

Инаку, Симона кон крајот на месец април го прослави првиот роденден на Никола, што значи дека со сопругот сакале брзо проширување на семејството.

Честити, да е здрав и жив!

фото:Инстаграм/Симона Поповска/@stankovantonio @studio1eden

To top