Љубов и Секс

Избегнете ја рутината во врската – како да го освежите односот со партнерот?

Избегнете ја рутината во врската – како да го освежите односот со партнерот?

Рутините навистина можат да ни го поедностават секојдневието – кога ќе се навикнете на некоја рутина, не ни мора да мислите што правите.

Рутините навистина можат да ни го поедностават секојдневието – кога ќе се навикнете на некоја рутина, не ни мора да мислите што правите.

Но во врските, рутината може да предизвика и проблеми. Монотоноста во врската може да го влоши вашиот однос со партнерот, па важно е одвреме-навреме да ја менувате вашата рутина.

Погледнете како можете да го направите тоа:

Препознајте ја рутината

Добро размислете за секојдневието со партнерот и кои работи постојано се повторуваат. Ако, на пример, секогаш вие правите ручек, некогаш нека направи партнерот. Или, излезете и јадете во ресторан.

Разговарајте за рутините

Најдобриот начин да избегате од секојдневието е да отидете на некоја далечна дестинација. Но во реалноста, ова не е секогаш возможно. Наместо тоа, разговарајте со партнерот за вашите рутини и кои од нив би сакале да ги промените.

Кога отворено ќе кажете што ви е веќе досадно и на двајцата, многу полесно ќе најдете заеднички забавни активности.

Заменувајте ги рутините постепено

Ако долго време сте навикнати на некоја рутина, не мора веднаш да правите драстична промена.

Можете да правите две промени неделно – еднаш вие одберете ја новата активност, еднаш партнерот.

Ден без рутината

Одвојте еден ден во неделата во кој нема да следите ниту една од вашите рутини.

Дозволете си да бидете спонтани и да ги прекршите сите ваши правила.

Бидете авантуристи

Излезете од вашата зона на удобност и направете нешто ново и необично. Одете на кампување, одете на излет, одете во нов ресторан… можности има безброј.

извор:курир.мк
фото:Freepik

To top