Колку често водиме љубов има врска и со тоа какви луѓе сме, а новото истражување открило дека луѓето со две одредени карактеристики имаат најбогат сексуален живот.
Во истражувањето објавено во списанието „The British Journal of Psychology“ учествувале испитаници без љубовни партнери, 192 слободни жени и 105 слободни мажи.
Учесниците морале да одговорат на низа тестови за да се воспостави врската меѓу алтруизмот, односно однесувањето чија цел е помагање на другиот од кој не се очекува некој вид награда.
Истражувањето открило дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат почесто љубов од другите и дека се задоволни со својот сексуален живот.
Кај машките испитаници, тоа вклучува и поголем број на партнерки за незаборавен секс.
Истражувањето не дало одговор на тоа што испитаниците ги мотивира да им помогнат на другите, но без оглед на тоа добиените резултатите се уште еден доказ дека добрината и несебичноста носат добро во животот.
Дека добрината и несебичноста се привлечни особини во сексуална смисла видливо било и во историјата, попрецизно од времето на ловечкото општество кога мажите кои својот плен великодушно го споделувале со цели женски племиња биле најпосакувани животни партнери, пренесуваат медиумите.
извор: точка.мк