Истражувањето спроведено на веб-страницата за домашни миленици „Moggy or Doggy“ покажало дека во врските најверојатно ќе изневеруваат мажите кои за домашен миленик имаат зајак или хрчак.
Во истражувањето учествувале 2991 неоженети мажи, а 64 отсто од нив кои за домашен миленик имале зајак признале дека имале барем по една афера додека биле во врска. На второ место биле мажите кои за домашен миленик имале хрчак, односно 53 отсто од нив признале дека ги изневериле своите партнерки во врската.
Меѓутоа сопствениците на зајци во истражувањето покажале и дека се великодушни во текот на љубовните состаноци.
73,4 отсто од нив изјавиле дека ги плаќале сметките по љубовниот состанок, а 25,2 отсто од нив дека ќе ја поделат сметката, а само 1,4 отсто од нив сметале дека сметката треба да ја плати девојката.
Слично како и сопствениците на зајци, сопствениците на хрчаци исто така оствариле висока оцена за великодушност. 70,1 отсто до нив изјавиле дека најчесто ја плаќаат сметката, а дури 67 отсто од нив дека на девојката на љубовниот состанок ќе ѝ носат цвеќе.
Резултатите покажале дека во врска најверни се партнерите кои за домашен миленик имаат куче. Само 30 отсто од мажите кои учествувале во истражувањето признале дека имале афера во текот на љубовната врска.
Сопствениците на овие животни, односно 76,8 отсто од нив најчесто ги плаќаат сметките, а 66 отсто од нив истакнале дека на првиот љубовен состанок им носат цвеќиња на своите партнерки.
Сепак, најдобри резултати оствариле мажите кои немаат домашен миленик, односно само 29 отсто од нив признале дека ги изневериле партнерките во текот на љубовната врска.
извор: кармин.точка.мк