Живот и Стил

Исповед на една мајка: „Да, ќе те боли, но кога ќе го земеш твоето бебе во рацете, сè останато ќе избледне“

Исповед на една мајка: „Да, ќе те боли, но кога ќе го земеш твоето бебе во рацете, сè останато ќе избледне“

Мајка им се обрати на сите трудници за да им порача дека во моментот кога ќе го видат нивното малечко, сè останато ќе исчезне. И болката, и тегобите од бременоста, и тагата по стариот живот и изглед…

Во искрениот текст, Ејми Ведерли од сопствено искуство раскажува дека моментот на породување е момент кој комплетно им го менува животот на жените, но тој е и момент кога тие ќе ја запознаат вистинската љубов.

Ејми

Драга трудна мамичке,

Да, ќе те боли.

Ќе ти биде чудно.

Ќе бидеш исплашена.

Да, градите ќе те болат.

Телото ќе те боли.

Дланките и стапалата ќе ти отечат како балон.

Да, ќе чувствуваш болка.

Ќе се чувствуваш грозно.

Ќе се чувствуваш како вонземјанин во некаков чуден научно-фантастичен филм.

Да, сонот ќе ти се скрати.

Ќе ти се скрати и слободата.

Ќе ја изгубиш способноста да остануваш будна до 3 часот наутро и способноста да јадеш многу чипс без да се здебелиш и способноста да не се намокриш кога се кикотиш.

Да, ќе добиеш стрии.

Ќе добиеш темни кругови околу очите.

Ќе добиеш џиновски пар мрежести гаќи.

Да, ќе плачеш.

Ќе се смееш.

Ќе бидеш целосно надвладеана од емоции и нема да знаеш што да правиш со себе.

Но, во секундата кога ќе го земеш твоето бебе во раце, сè останато ќе избледне. Сè што се случило вчера ќе стане само споредна бучава во музиката на плачот на твоето новороденче. Твојот стар живот инстантно ќе се замагли, а твојот нов живот ќе стане прекрасен пат кој се протега кон светлата и смела иднина.

Никогаш нема да го заборавиш моментот кога докторот ќе го постави тоа лепливо, меко, прекрасно бебенце на твоите гради. Или првиот пат кога тоа ќе ги отвори очите и ќе зјапа во твоите. Или радоста кога неговите малечки рачиња нежно ќе се обвијат околу твојот прст.

Тоа е моментот што ќе промени сè. Тоа е моментот кога ќе дознаеш како е да чекориш наоколу со твоето срце разголено, незаштитено и неподготвено надвор од твоето тело.

Тоа е моментот кога ќе дојдеш лице в лице со една од твоите најголеми љубови во твојот живот.