Сексот е составен дел од животот во кој некои уживаат повеќе, некои помалку, а некои едноставно го немаат пронајдено вистинскиот партнер. Но што кога луѓето ќе го најдат вистинскиот партнер, живеат заедно, а сексот со текот на времето исчезнува? Неколку корисници на Редит решиле да споделат зошто повеќе немаат секс со нивните брачни партнери. Доколку сакате да ја избегнете ситуацијата, можеби нивните искуства ќе ви бидат пример за тоа што (не) треба да правите.
„Имам 58 години, оженет сум 38 години. Нашата последна интимна средба беше во 2002-ра година. Малку подоцна откривме дека мојата жена пати од ментална болест поради која речиси успешно изврши самоубиство во тој период. Од докторот доби неколку разни третмани, кои резултираа со бројни здравствени проблеми и нејзина целосна асексуалност. Кога беше здрава, се грижеше за мене и децата, а сега е време јас да се грижам за неа. Таа разбира дека имам потреби и веројатно не би ми замерила, но јас се држам до своите ветувања.“
„Имаме 3 деца и живееме во мала куќа. Јас работам на две места, тој на едно. Заедно го одржуваме домот, се грижиме за децата и организираме тон активности и распореди. И двајцата сме во 40-тите и кога имаме време за секс, повеќе сакаме да изгледаме некоја серија. Не минува ден да не се бакнеме, прегрнеме и да си кажеме дека се сакаме. Ние сме најдобри пријатели кои се убиваат од работа, со цел да ги одгледаат децата, да ги платат сметките и во најмала рака, да ја држат главата над вода.“
„Се откажав. Заедно сме од средината на 80-тите и сè уште ми е привлечна, но таа нема никаков интерес за мене. До минатата есен знаевме да имаме секс одвреме-навреме, но таа постепено почна да се мести во положба на фетус. Ќе се повлече во себе и не можам да ја допрам. Почнав да се чувствувам како силувач секој пат кога ѝ се приближував. Се откажав. Зошто да се обидувам ако таа не сака?“
„Мојата жена доживеа нервен слом во 2009-та година и повеќе не може да работи. Дијагностицирана е со биполарно нарушување и пати од екстремни болки. Едно од нештата од коишто се плаши е капењето, па не се капи многу често. Ја сакам, но лошата хигиена и целиот стрес околу грижата за неа, семејството, сметките и сè останато ми ја убива секоја желба за секс. Изминатава година мислам дека имавме секс еднаш или два пати.“
„Ниско ниво на тестостерон. Полека му ја одзема желбата за секс и го промени и физички и ментално. Пред неколку години нашиот сексуален живот целосно исчезна. Но уште сме среќни заедно и го поддржувам низ сите проблеми. Желбата за дете му е голем поттик кој полека ја враќа таа искра.“
„Качи над 50 килограми откако сме заедно и едноставно повеќе не ме привлекува.“
„Во брак сме 12 години. Компатибилни сме за сè, освен за тоа едно нешто. Не знам што се случи. Таа тврди дека веќе нема желба. Во една година, имавме секс само еднаш. И тогаш, целосно ме уништи емотивно. Пробав повторно, но таа ме одби. Тогаш експлодирав и ѝ реков дека сме немале секс цела година, на што таа се зачуди како да не била свесна. Последните три месеци дојдов до заклучок дека таа едноставно не ме сака. Тоа е како затворен круг. Полека станувам огорчен, а затворениот круг почнува да ме гуши.“
извор:кафепзауа.мк