Некои луѓе можат да почувствуваат други луѓе дека им се блиску, иако моментално не се покрај нив.
Ова верување во кое многумина не веруваат, сепак постои и не е на одмет да знаете како некој може да почувствува дека друг мисли на него во одреден момент.
Исто така, ако почувствувате дека некој мисли на вас, а не знаете кој би можело да биде тоа, пронајдете мирен агол и медитирајте додека во исто време го негувате тоа чувство. Опуштете се, фокусирајте се на себе и можеби ликот на драгата личност ќе ви се појави во глава.
Ова се знаците дека некој сепак мисли на вас во одредено време:
1. Ненадејна топлина на лицето
Ако имате чувство дека одненадеж ви доаѓа крв во главата и се зацрвените во образите, можно е некој да помислил на вас или дури интензивно да размислува за вас. Тоа е силен доказ.
2. Непријатно чувство
Тоа е она чувство како кога некој интензивно ве набљудува, па почнувате да чувствувате некоја непријатност. Многу слична емоција се појавува ако некој размислува за вас, па обрнете внимание и на тој знак.
3. Смеење “без причина“
Тоа е нешто слично како кога некој ќе ви каже нешто убаво, ве преплавуваат емоции на среќа, па ви се појавува насмевка на усните. Тоа може да се случи и кога сте му во мислите некому, и тоа во оние кои се целосно позитивни.
извор: точка.мк