За време на бременост секој пар има различни желби за интимни односи, но не е невообичаено жените да имаат зголемена желба за секс.
Дали сексуалниот однос за време на бременост е добар или не? Кога е во ред да се консумира, a кога и зошто треба да го избегнувате?
Претежно, во првиот триместар желбата за секс не е особено изразена, бидејќи бремените жени се уморни и исцрпени. Градите им се чувствителни, а понекогаш имаат и чувство на тежина во долниот дел на стомакот.
Но за време на вториот и третиот триместар, можно е, под влијание на поголемата циркулација што се јавува во гениталните органи, желбата за секс да се зголеми повеќе од порано.
Исто така, треба да зборувате за вашата потреба од секс со партнерот. Разговарајте за стравовите и желбите, различните опции и пози, како и алтернативните методи на задоволување, како орален секс или мастурбација.
Може ли сексот да го повреди бебето?
Проблемите со сексот за време на бременоста можат да произлезат од стравот на бремената жена и нејзиниот партнер дека сексот може да му наштети на бебето, да го повреди, да предизвика предвремено раѓање или да предизвика крварење.
Потребно е многу љубов и разбирање помеѓу партнерите за да се надминат ваквите проблеми. Неопходно е и двајцата да разберат дека сексот не е забранет за време на бременоста.
Пенисот не може да му наштети на бебето, бидејќи е заштитено со матката и плодната вода, а слузот содржан во грлото на матката ги спречува бактериите и спермата да влезат во матката.
Треба да се избегнуваат длабоки пенетрации што болат, бидејќи можат да бидат проблем и можат да предизвикаат повреда.
Кога треба да ги избегнувате односите?
Сексот треба да се избегнува доколку постои ризик од предвремено раѓање или проблеми со плацентата, како што е ниско вградена плацента или претходно крварење за време на бременоста.
За време на оргазмот, без оглед дали се јавува за време или без сексуален однос, можат да се појават благи контракции на матката, што е нормално.
Не треба веднаш да се плашите, но ако контракциите продолжуваат или се придружени со крварење, треба да го контактирате вашиот гинеколог.
извор:попара.мк