Љубов и Секс

Интересни ситуации кои ги возбудуваат мажите

Интересни ситуации кои ги возбудуваат мажите

Една од најголемите заблуди што сте ги чуле е таа дека момците ги возбудуваат само вашите најдобри голи делови од телото и сè останато што е поврзано со сексот. Но токму во овој момент ќе го срушиме тој мит и ќе ви откриеме кои неочекувани ситници предизвикуваат возбуда кај мажите. Предупредување: Некои факти навистина ќе ви звучат апсурдно!

Одредена песна
Сите имаат некоја одредена мелодија што ги асоцира на секс. Зошто момците би биле исклучок од ова правило?

Одреден парфем
Мирисите и парфемите лесно можат да ни се врежат во мозокот, па така не е ни чудно што одредени мирисни ноти можат да ги возбудат мажите.

Својот одраз во огледало
Да, добро прочитавте! Не вашиот одраз во огледало, туку нивниот! Имено, ако мажот се погледне во огледало додека е гол и заклучи дека е во добра форма, постои голема веројатност дека ќе посака да го продолжи тренингот, но со вас.

Црвена боја
Бројни истражувања покажале дека црвената боја ја поттикнува сексуалната желба и тоа посебно кај мажите. Ако сакате да воодушевите некого, наместо црна, облечете секси црвен фустан.

Чиста постелнина
Чистата постелнина го постигнува истиот ефект кај мажите што го има и кај жените. Едно истражување покажало дека свежо наместениот кревет спаѓа во топ 10-те највозбудливи ситници, и тоа го зазема високото второ место!

Девојка во машка кошула
Немаме точно објаснување зошто е тоа така, но момците едноставно не можат да одолеат кога девојките наутро ќе облечат некое парче машка облека.

Страв
Чудно, но вистинито. Ова чувство предизвикува изненадувачка реакција. Стравот и возбудата се многу слични. Во обата случаја расте бројот на срцебиења и крвниот притисок.

To top