Радио Милева

Инстаграм и направи проблем: Еве со што се соочува Џејла Рамовиќ кога излегува од дома

Инстаграм и направи проблем: Еве со што се соочува Џејла Рамовиќ кога излегува од дома

Победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ ја следат на Инстаграм голем број луѓе дури и пред да победи, а тој број сега се искачи на 430.000 следбеници.

Ова и донесе многу придобивки на младата пејачка, но и дополнителна обврска што ја немаше претходно, а тоа е дека не може да го напушти домот, освен ако не е целосно средена и дотерана.

– Сè треба да биде во најдобар ред, од фризура до шминка до облека, затоа што никогаш не знам кој ќе ме фотографира. Секако, тоа првенствено го правам за себе, но не заборавам дека многу девојки го копираат мојот стил – изјави Џејла за српски Стори.

фото:џејла рамовиќ/инстаграм

Покрај тоа, Рамовиќ истакна дека сè повеќе на јавни настапи се соочува со потребата да купува многу нови парчиња облека, бидејќи облеката од претходно не била адаптирана за сцената.

– После победата почнав интензивно да работам, дури и често да купувам облека за себе. Немаше причина да направам голема промена во стилот, освен кога одев на настапи. Мојот личен живот не се смени, особено затоа што сè уште одам на училиште – вели Џејла.

To top