Радио Милева
од љубов до омраза

Инцидент: Кија Коцкар и Слоба Радановиќ се степале во неговиот стан, интервенирале полицијата и брзата помош

Инцидент: Кија Коцкар и Слоба Радановиќ се степале во неговиот стан, интервенирале полицијата и брзата помош

Денес, околу 5 часот наутро, Слободан Радовановиќ пријавил во полиција дека неговата поранешна сопруга Кристина Кија Коцкар влегла во неговиот стан во Нов Белград и наводно го малтретирала, соопштува српски Информер.рс.
Полициската патрола веднаш дошла во станот за да ја увиди и смири ситуацијата. Досега е утврдено дека Кристина и Слободан прво жестоко се расправале, а потоа и се степале. Слободан имал гребнатини, а Кристина црвенило и се жалела на болки во ногата.

Набргу пристигнала и дежурната екипа на брзата помош. Во соработка со обвинителството, се испитуваат сите околности на настанот.


Од снимки што им пристигнале, може да се види дека победничката на „Задруга 1“ била во алкохолизирана состојба, тврди Информер.рс.

Се наведува дека Кија веројатно испила некоја чаша повеќе, а на последната фотографија се гледа како на совозачкото седиште во автомобилот држи голема полупразна чаша вино!

Наскоро се очекуваат повеќе нови детали за инцидентот.

Останати вести од Радио Милева