Љубов и Секс

Имам 32 години, ниту сум имала секс, ниту пак некогаш сум се бакнала…

Имам 32 години, ниту сум имала секс, ниту пак некогаш сум се бакнала…

Анонимна Австралијанка има 32 години и на целиот свет му призна дека никогаш не се бакнала, а никогаш ниту пак, водела љубов. Таа вели дека тоа не е нејзина „свесна одлука“, дека се е сплет на околности, но и дека не се срами од својот статус.

„Не чувствувам срам, бидејќи мислам дека не постои нешто сосема погрешно во тоа што сум „се уште девица““, вели таа.

Оваа девојка тврди дека привлекувала и момци и девојки, но дека тие едноставно не биле привлечни за неа.

„Тоа не беше свесна одлука. Јас, како и многу луѓе, дефинитивно живеам да ја најдам личноста која може да ме сака и почитува“, додаде.

Таа призна дека дури е и попривлечна од оние кои биле во врска, но дека никогаш не сакала да си игра со чувствата на другите.

„Веројатно можев да се присилам на пијан и досаден секс само поради искуство, но идејата за тоа никогаш не ми беше примамлива“, вели Австралијанката.

Кога ќе го спомене својот статус за невиноста, таа се среќава со измешани реакции од луѓето.

„Некому тоа му е во ред, додека други ме сожалуваат. Најневеројатна реакција која сум ја добила беше од некој кој ми кажа дека сум премногу пребирлива“, вели таа.

Во тинејџерските денови, оваа жена наишла на одбивање. Била заљубена во двајца пријатели, но на двапати била одбиена.

„Кога вторпат ме отфрлија во доцните 20ти години, сфатив дека одбивањето помага да сфатите каде се наоѓате и дека не треба да губите време на размислување“, објаснува.

За одговорот на прашањето „зошто никогаш немала секс“, таа нема јасен одговор.

извор:таратур

Поврзани теми

To top