Љубов и Секс

Има девојка или сопруга, но сепак тој мастурбира: Зошто мажите го прават тоа?

Има девојка или сопруга, но сепак тој мастурбира: Зошто мажите го прават тоа?

Мажите дури и кога покрај себе имаат партнерка која целосно им одговара, никогаш нема да се одречат од играње сами со себе.

Додека биле во тинејџерските години, мажите биле опседнати со мастурбирање и девојките тоа го сметале за сосема нормална појава. Меѓутоа, кога ќе дојдат во позрелите години, жените обично мислат сека ќе престанат со тоа, затоа што сега имаат покрај себе некој кој во целост може да ги задоволи. Меѓутоа, дали е баш така?

Мажите знаат од чиста досада да се „заиграат“, но нивните игри често знаат да бидат поттикнати од некоја содржина која ја виделе на интернет или од некои други ситуации кои едноставно ќе ги „напалат“.

Кај некои тоа знае да биде често, а кај други не мора да значи. Сето тоа зависи од нивното расположение.

Како мажите го чистат нередот кој ќе го направат?

Голем број од нив најчесто свршува во марамче или в рака, но има и такви кои ќе се послужат со чорапа, која ја фрлаат на перење.

Дали мастурбираат под туш додека девојката е во друга соба?

Тоа што има девојка, не значи дека ќе престане да си „игра“ сам со себе. Сосема сигурно е дека тој тоа ќе го направи додека неговата партнерка спие или гледа телевизија во друга соба. Сепак, тоа воопшто не значи дека таа не му е доволна, туку дека тој има многу големо либидо.

Дали користат нешто друго освен својата рака?

Иако секси играшките за мажи добро се продаваат, ниеден нема да признае дека ги користи. Меѓутоа, секој ќе рече дека неговата рака најдобро може да го задоволи (кога зборуваме за мастурбирање), која е воедно и најсоодветна.

Дали некогаш свршуваат сами врз себе?

Вакви незгоди им се случуваат и на оние кои се највешти во оваа „работа“. Всушност, тие се среќни кога ќе се случи тоа, затоа што можело да „одлета“ во непознат правец во собата, што значи дека треба да ја прегледаат целата просторија за да ја исчистат.

За што размислуваат додека мастурбираат?

Ова веќе зависи од тоа какви се. Некои додека мастурбираат мислат на својата девојка, други за некоја друга личност, а повеќето од нив гледаат порнографска содржина на интернет. Сепак, постојат и такви кои се инспирираат од нечиј профил на некоја од социјалните мрежи.

извор:попара.мк