Добриот бакнеж е корисен за нашето здравје. Тој ни ги стресува колената, дланките ни се потат, срцето ни чука побрзо, а возбудата несомнено расте. И без разлика на тие слатки физички реакции – треба почесто да се бакнуваме, или за да го негуваме нашиот интимен живот, или емотивно да се поврземе со партнерот.
Дали знаевте дека бакнувањето има своја научна дисциплина, наречена филематологија? Компаниите со апликации за запознавање направија опширно истражување и заклучија дека бакнувањето има уште повеќе придобивки отколку што претходно мислевме.
Покрај тоа што создава чувство на удобност, ја подига самодовербата, придонесува за физичка и психолошка рамнотежа на телото, бакнежот ги зголемува одбрамбените механизми во нашето тело и ја подмладува кожата и мускулите на лицето.
На пример, еден долг страстен бакнеж може да помогне во согорувањето на калориите, а бакнувањето согорува дури 26 калории во минута. Сепак, можеби најголемата моќ на бакнежот е фактот што ги брише брчките од нашето лице. Луѓето кои почесто се бакнувале во текот на животот можеле да имаат многу помалку брчки на лицето на старост од оние кои не практикувале страсни бакнежи.
При бакнувањето се активираат 30 мускули кои ги одржуваат образите цврсти и затегнати. Според тоа, бакнувањето е одличен тренинг за мускулите на лицето, исто толку ефикасен како, на пример, јогата за лице, која денес многу експерти ја нагласуваат како најдобар начин за спречување на брчките.
Експертот Ева Фрејзер ги инспирираше луѓето ширум светот да си ја вратат самодовербата со вежбите за лице и нејзината животна филозофија. Таа смета дека мускулите на лицето, како и секој друг мускул во телото, треба постојано да работат доколку не сакаме да се опуштат.
Фрејзер истакнува дека никогаш не е доцна, па секој треба да ја фати својата поубава половина и да се почести со сочен, жежок бакнеж кој ќе ги разгори страстите и истовремено ќе го зачува младешкиот изглед.
извор:попара.мк