Не секое место е идеално за интимни односи, и ако ги прашате мажите, огромното мнозинство има едно место што навистина им се допаѓа.
Иако водењето љубов на кујнската маса, машината за перење или мекиот тепих пред каминот звучи навистина секси (можеби поради холивудските филмови), повеќе од половина мажи тврдат дека сексот под туш едноставно е невозможно да се надмине.
Дури 62 проценти од испитаниците во неодамнешното истражување изјавиле дека повеќе би сакале да имаат секс под туш отколку во тоалет во авион.
Оние што го пробале тврдат дека е место создадено за страсти и задоволство, а 81% од нив би го повториле.
Кога станува збор за сезоната идеална за оваа активност, 56 проценти од нив се согласиле дека летото е идеално за секс под туш. Па, искористете ги последните денови од оваа сезона.
извор: Попара.мк