Мислите ли дека мажите секогаш се расположени за секс? Се лажете. Постојат моменти кога воопшто не им е до тоа, а ние ви откриваме кои се тие ситуации.
Кога е многу изморен
Мажот ќе пропушти секс кога е исцрпен поради стресниот и лош работен ден.
Кога ќе изеде доста тешка и зачинета храна
Не дека не сака да има секс. Сака. Само во тој момент се соочува со малку стомачни проблеми.
Кога има грип или нешто го боли
Главоболка, температура, грип… Тешко е да се расположи кога е навистина болен.
По разговор за неговото семејство
Сте го потсетиле на некои чудни луѓе со кои пораснал, а потоа веднаш после тоа се обидувате да го свртите неговото внимание на секс? Тоа е како да се обидувате да достигнете брзина од 60 километри на час на велосипед кој нема тркала.
Кога е пијан
Доколку солзите и фрустрациите би можеле да ја излечат состојбата во која моментално се наоѓа тогаш нема да има никакви проблеми. Наместо тоа, мажот “заглавил“ со својот моментално бескорисен орган и ќе избегнува секс по секоја цена поради чувството на срам.