Љубов и Секс

И мажите имаат Г точка! Еве како да ја стимулирате, за поголемо взаемно задоволство

И мажите имаат Г точка! Еве како да ја стимулирате, за поголемо взаемно задоволство

Стимулирањето на „машката Г-точка“ стана толку популарно што дури и направија секс играчка за неа, но веројатно нема да ви се допадне.

Ако сè уште не сте слушнале за П-точката, еве ја вашата шанса. Станува збор за точка која се наоѓа во близина на простатата, но начинот на стимулација на оваа машка ерогена зона нема да им се допадне на многу мажи.

Како да ја пронајдете П – точката?

Иако функцијата на простатата е да произведува течност за ејакулација, таа е извор на сексуално задоволство за многу мажи бидејќи се наоѓа на нервните патишта помеѓу мозокот и пенисот. Како и со стимулацијата на Г-точката кај жените, стимулацијата на П-точката поттикнува посилен оргазам.

Многу мажи можат да доживеат оргазам за време на стимулација на П-точката. А кога простатата се стимулира истовремено со пенисот, сензацијата е двојно посилна. Со истовремено допирање на простатата и пенисот се симулираат двата краја на пенисот, што овозможува интензивно чувство на задоволство. Покрај тоа, анусот сам по себе е ерогена зона, бидејќи аналната празнина е богата со чувствителни нервни завршетоци.

Сепак, како што некои жени се имуни на стимулација на Г-точката, некои мажи се имуни на стимулација на П-точката. Во секој случај, жешките игри под чаршафите се направени за експериментирање, а многу партнери често се изненадени од новите откритија.

Експериментирањето во спалната соба навистина може да го зачини вашиот сексуален живот, особено ако се чувствувате како да сте западнале во рутина. Покрај откривањето нови ерогени зони, можете да размислите и за секс играчки како вибратори.

Без оглед на сексуалните активности во кои се впуштате, имајте на ум дека задоволството се зголемува ако се стимулира повеќе од една област на телото во исто време. Разиграното експериментирање во повеќето случаи носи позитивен фидбек, а многу мажи нема да можат да останат рамнодушни на вешто извршената стимулација на П-точката.

Извор: Попара.мк

To top