Љубов и Секс

Хороскопските знаци после секс: Што им се мота низ главата?

Хороскопските знаци после секс: Што им се мота низ главата?

Што им се мота низ глава после секс на дванаесетте хороскопски знаци? Прочитајте какви се и забавувајте се со нивните искази во продолжение:

Овните се нестрпливи.
„Нема одмор. Втора рунда. Веднаш!“

Биковите се упорни.
„Траеше само два и пол часа. Сигурно помисли дека беше прекратко. Да јадам нешто и продолжуваме.“

Близнаците се незаинтересирани.
„Што има на ТВ? Не ќе биде лошо да ги проверам и пораките. Ме барал ли некој во меѓувреме?“

Раковите се романтични.
„Кога ќе се венчаме? Создадени сме еден за друг.“

Лавовите се самоуверени.
„Не дека се фалам, ама нема подобар љубовник од мене. Ќе си поставам огледало над креветот за да можам да се гледам во акција.“

Девиците се практични.
„Мора да ги исперам чаршафите. Ах, има прашина и под креветот! Може ли уште веднаш да се исчисти сѐ?“

Вагите се неодлучни.
„Супер беше. Или можеби не? Ма, сигурно да! Сепак – не.“

Скорпиите се страствени.
„Почекај само да го најдам клучот, па ќе ти ги извадам лисиците.“

Стрелците се дистанцирани.
„Мило ми е што се дружевме. Не ми ѕвони. Јас тебе ќе ти се јавам.“

Јарците се дисциплинирани.
„Завршивме во предвидениот рок. Одлични сме, но може и подобро. Верувам во нашиот напредок.“

Водолиите се имагинативни.
„Ајде сега дома, па можеме и таму уште еднаш.“

Рибите се емотивни.
„Чувствувам дека се зближивме на духовно ниво. Ќе се расплачам од силата на нашата љубов.“

извор:нетпрес.ком.мк

To top