„Ива Гргуриќ е позната по тоа што е ненаситна и многу темпераментна. Во Загреб, сите ја познаваат како киднаперка на момчиња, како девојка која сака да флертува со кого стигне. Девојките не ја сакаат од таа причина и затоа нема другарки или пријателки.
Одела со женети, па растурила многу бракови, а во една прилика скоро и ќе ја загуби главата, заради таква врска. Имено, Ива имала афера со богат повозрасен човек, кој паднал на неа. Кога видела дека „стариот“ се заљубил, користела сè што може за да земе од него.
„Стара будала, дебел смрдливец, ќе го оставам надвор, пред врата. Ако тој сака да има ваква риба, ќе ми даде кули и градови. Ќе го доведам до просјачки стап“ – ми рече еднаш Ива. Потоа го запозна неговиот син единец и не и беше добро. Полуде по него. Тој беше комплетно нејзин тип на маж“ – вели извор близок до Ива, кој продолжува да раскажува детали за нејзиното мрачно минато.
„Ива го освои и синот. Тој беше млад, убав, згоден, имаше сè што немаше неговиот татко кој беше нејзин спонзор. Таа исто така влезе во љубовна врска со него. Се гледаше и со таткото и со синот во исто време, а тие не знаеја еден за друг. Тоа беше болна комбинација за сите, освен за неа. Бизарна паралелна врска…
„Младиот ме убива од секс. Ми врие крвта само што ќе ме допре. Неговиот татко е мртво пувало. Тој смрди на старост. Јас би сакала да добие срцев удар додека имаме секс“ – велела Ива.
Паралелната врска со таткото и синот траела неколку месеци, а потоа пукна тиквата. Таткото дознал дека Ива се гледа со неговото дете, што предизвикало лудило кај него.
Таткото го нападнал синот затоа што ја завел неговата љубовница, па крвнички го претепал заради Ива. Потоа, претепаното момче сакало да ја убие неа. Го зел пиштолот на неговиот татко, но татко му во последен момент успеал да го запре и спречил катастрофа.