Љубов и Секс

Храна која гарантира подобар секс

Храна која гарантира подобар секс

Ако сакате да го зачините сексуалниот живот, тогаш треба да знаете дека главните афродизијаци се кријат во вашата кујна. Храната влијае на либидото, па не е лошо да се опремите со овие намирници.

Кикирики

Изобилуваат со Л-аргинин, состојка која ја зголемува сексуалната функција кај мажите, па со самото тоа е одличен афродизијак. Една дланка кикирики е доволно да ја распламти страста во вас.

Темно чоколадо

Богато е со фенолетиламин, заслужен за создавање на чувство на вљубеност. Истражувањата покажуваат дека жените кои секојдневно консумираат црно чоколадо имаат подобар сексуален живот од оние кои не го прават тоа.

Авокадо

Ова тропско овошје содржи големи количини фолна киселина. Авокадото го крева нивото на енергија и количината на здрави маснотии во телото, што поттикнува добро расположение.

Боровинки

Уште едно вкусно овошје кое има позитивно влијание на нивото на енергија во телото. Боровинките ги подмладуваат нашето тело и мозокот, што има благопријатно дејство и на подобрување на либидото.

Семки од тиква

Богати се со цинк, што значи дека се одличен избор за оние мажи кои имаат проблеми со работата на простатата. Цинкот е исто така значаен и за подигање на сексуалното либидо кај жените. Семките се богати со омега-3 масни киселини кои се важни за сексуалното здравје.

Лук

Оваа здрава намирница силно ја поттикнува страста, богата е со алицин, состојка што ја подобрува циркулацијата и протокот на крвта во полните органи.

Сепак, поради силниот и непријатен мирис се советува да не го јадете непосредно пред самиот сексуален однос.

извор: Кајгана

To top